Почетна / Диети / Совети за успешна диета

Совети за успешна диета

Со години водете борба со вишокот на  килограми, но безуспешно. Испробавте различни диети и ниедна од нив нема дадено резултат. Доколку немате многу за симнување на килограми и доколку дебелината не го загрозува Вашето здравје, пред да почнете со нова рестриктивни диети послушајте ги советите на Мими Спенсер, авторка на книга “101 работа која треба да направите пред да почнете со диета” кои ќе Ви поможат во намалување на килограмите.

Со овие совети ќе се чувствувате подобро во својата кожа без гладување.

Почитувајте го своето тело – сите ние имаме еден дел од телото кој не ни се допаѓа. Без разлика дали се работи за опуштениот стомак, голема задник или кожата од надлактицата која Ви виси, гардеробата може да го покрие она што е лошо и истакни она што е добро. Доколку рамениците ви се широки, носете блуза со преклоп и со подлабок деколте како би го одвлечеле вниманието од рамената. Дамите кои имаат опуштен стомак се препорачува блуза, кошули и фустани кои се сечени под градите. За да покриете широките колкови, носете подолга облека која ќе Ви ги нагласи Вашите гради и струкот. Доколку носите облека која нагласува рамената, струкот ќе ви изгледа потенок и задникот ќе Ви изгледа помал. За Вас се идеални блејзери, туники и кошули два или три центиметри пошироки во рамената.

Хранете се како Јапонците – Јапонија има помалку дебели луѓе од било која друга развиена земја. Сите заслуги се припишуваат на здравата исхрана и затоа јадете што повеќе риба, а помалку месо. Зеленчукот јадете сурово кога год сте во можност, за да ги искористите витамините и сите здрави состојки.

Препознајте ја гладта – истражувањата покажаа дека голем број на луѓе со зголемена телесна тежина со текот на време ја изгубија чувство на глад и дека тие јадат на психичка база. Обидете се еднаш во денот да се воздржите од јадење се додека не ја почувствувате вистинска глад. Кога ќе го вратете тоа чувство и повторно научите да ја препознаете гладта, ќе Ви биде полесно да се спротивставите на константна потреба за храна.

Без изговори – речениците како зависна сум од благите, имам бавен метаболизам, не јадам ништо … Сите ние многу често ги измислуваме причините поради нашите лоши навики во исхраната. Затоа кога наредниот пат го изедете парче торта или чоколадо помислете: “ Ова јадам затоа што тоа го сакам и тоа е единствената причина” Ова би требало да ви поможи да се полесно справите со желбата.

Бегајте од слаткарниците – не одите во пекари и слаткарници и не се надевајте дека ќе земете нешто здраво. Ако секогаш купувате нешто и кога децата ги носите на сладолед или на торта, наредниот пат земете онолку пари колку Ви е потребно само за децата. Малку е оние кои имаат силна желба да се спротивстават на благите работи, затоа е најдобро да ги избегнувате во широк круг.

Научете да позирате – истражувањата покажаа дека се две третини луѓе не се снајдуваат пред фотоапарат или пред објектив затоа што кога ќе се видат својата фотографија во која не се добро наместени, чувствуваат неубаво, несреќно и дебело. Затоа, кога ќе Ве фотографираат, одлепете ги рацете од телото и фокусирајте се на апаратот. Релаксирано застанете и насмејте се природно.

Проверете и

Храна која ќе ви помогне подобро да спиете

Храната е лек доколку се консумира умерено и во вистинско време се консумираат соодветни намирници. ...