Почетна / Здравје и исхрана / СОВЕТИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ЗИМНИЦА

СОВЕТИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ЗИМНИЦА

Ни доаѓа есента и време е полека да се подготвуваме за зима, а каква е таа зима без зимница? Иако на рафтовите во големите трговски центри ни се достапни многубројни тегли со туршија, мармелади и компоти, во нивниот квалитет никогаш не сме сигурни, па затоа ништо не може да се споредува со домашна подготвена зимница. Затоа домаќинките секоја година во теглите подготвуваат најдоброто што природата ни подарила во летото.

Сакате успешно да ја подгответе зимницата, еве неколку совети:

За конзервирање користете зрели, а не презреани производи.

Зимницата варете ја во емајлирана или ватростална садови.

Теглите не смеат да бидат оштетени и треба да бидат во беспрекорна хигиенска состојба. Измијте ги убаво, исцедете ги на чиста крпа и пред полнење пастеризирајте ги.

Не заборавајте ги зачините кои зимницата дополнително ќе ја ароматизира и збогати.

Внимавајте со солта, киселината и шеќерот.

Со предолгото варење плодовите ги губат хранливите состојки.

Сок од лимон и шеќер помагаат да се згусни мармеладот.

На теглите и шишињата напишете ја содржина и датата на подготовката. Доколку го знаете предвидениот датум на траењето на зимницата слободно напишете ја.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...