Почетна / Здравје и исхрана / Соковите од зеленчук

Соковите од зеленчук

За разлика од овошните сокови кои содржат шеќер, соковите од зеленчук се полни со биоактивни супстанци со помош на кои можи да се слабее.

Сок од зелка – процент на јод, како и големо количество сумпор и хлор, овозможува чистењето на слузокожата на желудникот и цревата. Овој сок е благотворен во лекувањето на чирот на дванаестопалечно црево, а добар е во намалувањето на килограмите, како и кај затворот. Одличен е за подобро варење и за тенот. Со додавањето на сол во сокот се губат лековитите својства.

Сок од компир – свежиот компир содржи лесно усвоив шеќер кој се при варењето претвораат во скроб. Бидејќи компирот има големи количества калиум, сумпор, фосфор и хлор, со успех се користи за склонување на пигментните флеки на кожата. Микроелементи се корисни само во органскиот, природен облик, бидејќи с варењето се претовара во неоргански елементи кои организам или воопшто не можи да усвои или се многу ниски вредностите. Свежиот сок од компир е одлично средство за прочистување. Против пореметување во варењето и нервните заболувања се користи сок од компир, морков и целер. Кај ишијасот се препорачува секојдневно консумирање пола литра сок од морков, цвекло и краставица со потполно исклучување на месо во исхраната. Соковите од морков, компир и магдонос помагаат во лекувањето на емфизем.

Сок од кромид – овој сок овозможува брзо прочистување на организмот и благотворно влијае на општата состојба на организмот. Одлично го стимулира апетитот и лачењето на желудочниот сок. Ефикасен е лек во борба против настинка, како и за прочистување на дробовите и бронхиите од насобраната слуз.

Сок од краставица – свежата краставица има 40 проценти калиум, 10 проценти натриум, 7,5 проценти калциум, 20 проценти фосфор, 7 проценти хлор. Овој сок е и најдобро средство за исфрлување на вода од организмот. Подобрува растење на косата, ги зацврстува ноктите, тонизира и подмладува кожата. Сок од краставица го нормализира крвниот притисок, па се затоа препорачува како кај хипертензија, така и кај хипотензија. Освен тоа, краставиците се незаменливо средство во лечењето на кожните болести. Мешањето на сок од краставица со сок од морков подобрува квалитет. Таквата комбинација е одлично средство против реума.

Сок од магдонос – се препорачува да се пие од 30 до 60 грама. Редовното пиење свеж сок од магдонос обезбедува нормално разменување на кислород, и подржува надбубрежна и штитната жлезда. Освен тоа, во сокот има елементи кои ги зајакнуваат ѕидовите на крвните садови, капилари и артерии. Сок од листот од магдонос често се користи како лек против болести на мочните патишта и исфрлување камен од бубрегот и песок од бешиката. Често се користи кај нефритис и други бубрежни заболувања. Одлично е средство во борба против очните болести, чиреви на рожницата, катаракта, конјунктивитис, офталмие.

Сок од црна ротква – свеж сок од ротква помага во лечењето на артритис, камен во жолчната кеса и обична настинка. Можете да направете инхалација од свежо исцеден сок, што овозможува прочистување на носот, намалување на кашлицата, намалување на воспалението на слузокожата на грлото и зајакнување на имунитетот. Сок се користи во сите стадиуми на заболувања, од печење и гребење во грлото, до потполно излекување од напорната кашлица. За искашлување е ефикасен сок од црна ротква со мед. Потребно е: една црна ротква со средна големина и две три лажици мед. Излупете ја ротквата и во средина направете мала вдлабнатина. Во неа ставете мед, па ставете ротква во чаша и пустете да од неа излезе целиот сок помешан со мед. Ова смеса треба да се пие по лажица пред спиење.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...