Почетна / Совети за здравје / Сок од портокал, нутритивна вредност и благодети

Сок од портокал, нутритивна вредност и благодети

Најдобро време да пиете сок од портокал е за доручек. Тој е витамински напиток кој на телото делува како енергетски пијалок, но природно.

Ја враќа енергијата и разбудува, па идеално е со него да го започнете денот. Нутриционистите и тоа како го препорачуваат овој сок. Тој е исклучително богат со витамин Ц кој е добар за имунитетот и против воспаленија, го штити организмот од слободни радикали и спречува предвремено стареење. Витаминот C ја зголемува апсорпцијата на железото, па затоа и се препорачува кај луѓе со анемија. Значајни се количините на витаминот B6 и бета каротен.

12096120_1645373165714854_9070639271042126396_n

 

Некои истражувања покажале дека чаша сок од портокал дневно може да го регулира крвниот притисок и да го намали ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Дефинитивно може да го намали нивото на лошиот холестерол. Се верува дека сокот од портокал е добар и за слабеење зошто содржи антиоксиданси кои се корисни за губење на килограмите.

Освен овие придобивки не треба да заборавиме дека портокалот помага за добрата хидратација на кожата и нејзиниот блескав сјај. Може да се користи и надворешно.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...