Почетна / Рецепти / Сок кој го зајакнува имунитетот

Сок кој го зајакнува имунитетот

Освежете се во жешките летни денови со сокот гој го зајакнува имунитетот!

Ништо подобро нема да Ве освежи во летото од вкусниот сок кој содржи свежо овошје и зеленчук, посебно ако дополнително ќе Ви го зајакне имунитетот. Иако стигнаа летните температури и уживаме во сонцето и морето, сепак не смееме да заборавиме на нашето здравје. Ако сте на годишен одмор, секако дека сте свесни за фактот дека Вашата исхрана не е како во останатиот дел од годината. Но тоа е сосема во ред. Сите понекогаш посакуваме малку да ги олабавиме ″кочниците″.

Сокот кој го зајакнува имунитетот ќе му даде на Вашиот организам доволно витамини и минерали, независно од тоа што брзата храна Ви е на масата во текот на одморот. За подготовка Ви е потребно:        

  • 1 цвекло
  • 1 јаболко
  • 1 морков
  • 1 портокал
  • 2 лажици мед

Сето ова заедно ставете го во соковник и измиксирајте па пијте го сокот наутро, голтка по голтка.

Сокот кој го зајакнува имунитетот е одличен против запек, кој често се јавува во текот на летните денови. Сите овие намирници кои се наоѓаат во сокот се богати со влакна а тука е и морковот која е најпожелен во летото бидејќи осигурува доволни количества на бета каротен кој во текот на летото е потребен на кожата затоа што ја заштитува од УВ зрачење.    

Уживајте!

 

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...