Почетна / Совети за здравје / СОЧУВАЈТЕ ЈА МЛАДОСТА, СИЛАТА И ВИТАЛНОСТА!

СОЧУВАЈТЕ ЈА МЛАДОСТА, СИЛАТА И ВИТАЛНОСТА!

Американските научници откриле дека оксидативниот стрес кај жените е поголем отколку кај мажите. Па затоа е важно да консумирате храна кои делумно ќе успее да го намали штетното влијание на слободните радикали, кои се главните предизвикувачи на предвременото стареење.

Последиците на делувањето на слободните радикали се разни заболувања на срцето, циркулацијата, тумори.

Овошје и зеленчук против стрес

Испитувањата кои биле спроведени во Европа докажале дека оксидативниот стрес помалку се одржува на почетокот на стареење доколку во секојдневната исхрана се присутни многу овошје и зеленчук. Луѓето кои во крвта имаат повеќе витамин Ц, каротеноиди, витамин Е и други витамини кои делуваат антиоксидативно помалку се изложени на хронични дегенеративни заболувања. Организмот може да се заштити со консумирање на намирници кои содржат антиоксиданси. Важен е и нашиот ендоген ензим кои од внатре го заштитува организмот од слободните радикали. Станува збор за супер оксид дисмутаз.

Од надвор организам го заштитуваме по пат на исхрана која е богата со овошје  зеленчук со селен, витамини Ц, Е провитамин А, минерали како што се манган, хром, магнезиум, со употреба на маслиново масло. Антиоксиданси се во голема мерка присутни во пиво, вино, јогурт и чај.

Кога станува збор за алкохолните пијалаци како што е вино или пиво треба да се нагласи дека количеството кое е дозволено за женскиот организам во голема мера е помал во однос на мажите. За жените е препорачливо да испијат едно мало пиво или чаша вино (најдобро црвено) на ден. Но ништо повеќе од тоа. Антиоксиданси се присутни и во чоколадото, во одредени видови на сирење и месните производи.

За да го заштитиме организмот од штетното делување на оксидативниот стрес и како би го спречиле предвременото стареење треба да се придржувате до следната порака: Јадете се по малку и што е можно по разновидна храна.

ИСХРАНА ПО ГОДИНИТЕ

Од 20 до 30 година – фолна киселина за мајчинство

Во текот на овој животен период најголем дел од жените се одлучува за мајчинство. Доколку планирате дете – не ја заборавајте фолна киселина (витамин Б9).

Фолна киселина ќе ја најдете во пивскиот квасец, житарките, темно зелен зеленчук, риби и млечните производи.

Од 30 до 40 година – зеленчук и течности против целулит

Околу триесеттата година метаболизам почнува да се забавува. Тоа е период кога на женското тело често по прв пат се воочува насобраната вода и масно ткиво – целулит.

За да ја стопираме појавувањето на целулит потребно е да во исхраната воведеме диња, лубеница, грејпфрут, црвен кромид, аспарагус …, затоа што овие намирници го чистат организмот. Тие го поттикнуваат исфрлувањето на вода и насобраните токсини.

Од 40 д0 50 година – со витамини против брчките

За да ја задржите свежа кожа која над 40 година забрзано старее, потребно е во секојдневната исхрана да воведете намирници кои ја хранат кожата од внатре.

Храна мора да биде богата со бетакаротен. Тоа е провитамин А кој два портокалова боја на овошјето и зеленчукот. Витаминот А ефикасно ги брани клетките од штетното влијание на слободните радикали. Овој витамин можеме слободно да го наречеме како чистач на организмот кој ги регенерира клетките од надворешниот слој на кожата и ја поттикнува синтезата на колагенот (протеин кој му дава еластичност и тонус на кожата). Храна која ја поттикнува синтезата на витаминот А се: овошје и зеленчук кои имаат жолта и портокалова боја (морков, диња, пиперка, марела, праска, тиква). Тука се и млекото, јогуртот, сирењето, путерот и жолчката.

Над 50 година – фитоестрогени кои ја лекуваат менопаузата

Во текот на овој животен период требало би во Вашата исхрана да воведете храна која е богата со фитоестрогени. Фитоестрогени по свој хемиски состав се слични со женските полни хормони чија содржина во организмот се намалува по завршувањето на репродуктивниот период на жената. Овие билни хормони ги неутрализираат појавувањето на непријатните симптоми во текот на менопауза како што се појавување на ненадејната жештина, потење, црвенило, преосетливост …

Фотоестрогените се делат во 3 главни групи: Прва група ја сочинуваат исофлавони или исофлавоноиди кои се присутни во сојата или нејзините производи но можат да се најдат и во други мешунки.

Во втора група спаѓаат лигнани а нивен најдобар извор се житарките (пченка, зоб, ориз, овес, овошје, зеленчук и билните масла).

Во трета група спаѓаат куместани кои се присутни во никулците на поедини билки. Дневната потреба од билните состојки е 60 милиграми а та содржина е присутна во 60 грама соини протеини, овошје, зеленчук и мешунки.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...