Почетна / Совети за здравје / Сочувајте го џигерот со здрава и правилна исхрана

Сочувајте го џигерот со здрава и правилна исхрана

За да го сочувате џигерот, филтерот на Вашето здравје, потребно е да си обезбедите состојки за неговото нормално функционирање, но и да ги избегнувате материите кои непотребно оптоваруваат и оштетуваат ткивата. Во секој момент во џигерот се одигруваат биохемиски реакции од кои зависи човечкиот живот. Специјалистите тврдат дека џигерот е како основна телесна лабораторија која учествува во метаболизмот на мастите, јаглените хидрати и белковините, како и во варењето и искористувањето на храната, ензимските и витаминските функции.

Џигерот ја произведува жучта, која игра голема улога во општата слика на организмот. Нутриционистите истакнуваат дека одредени храна благотворно делува на џигерот. Многу е важно да заболениот консумира храна која ќе помогни во нормализацијата на незините функции. Менито составен од следните намирници ќе одговара и на здравите и на болните луѓе, и ќе поможи да овој исклучително важен орган остани витален и до длабоката старост.

ЗЕЛЕНЧУК – како и овошјето, и зеленчукот е најдобро да се користи во свежо, бидејќи така се зачувуваат и енергетските важни супстанци.

Зелка – треба да се користи во свеж облик, како салата или како свежо цеден сок кои е благотворен и кај потешките облици на заболувањата на џигерот. За да се избегни надуеноста, треба да се додаде малку ким.

Компир – неверојатно ама вистинито, компирот се препорачува за сите заболувања на џигерот.

Морков – поттикнува лачење на жолчката, богата е со провитаминот А, кој е неопходен за обновување на клетките на џигерот.

Ротква – посебно се препорачува кај жолтица и цирозата бидејќи ја подобрува елиминацијата на токсичните матер

Домат – овој зеленчук помага на џигерот во неутрализацијата на штетните материи внесени во организмот и нивното отстранување.

Маслинки – се покажа како храна која ја чува функцијата на џигерот, но поради големо количество на сол, не се препорачува на заболените.

ОВОШЈЕ – благотворно делува на џигерот, а најдобри се агрумите.

Лимон – стимулира, дренира и ја намалува големата количина на крв да влезе во џигерот. Во шолја млака вода додадете лажица мед и сок од едем лимон. Ова напивка се земе пред јадење и обезбедува подобро варење и лачење на жолчката. Портокал – го елиминира талогот, и каменчиња од жолчката, па е стимулатор евакуација.

Боровинка – поволно делува на зачестеноста и конзистенцијата на столицата како и на крвавењето предизвикано од заболување на џигерот.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...