Почетна / Фитнес и аеробик / Со вежбање до подобро здравје

Со вежбање до подобро здравје

Лицата, кои редовно практикуваат физичка активност, многу поретко се разболуваат, во споредба со лицата кои водат седечки живот. Лицата кои пет пати неделно пешачат по 30 до 45 минути, бројот на боледувања е двојно помал, отколку кај лицата кои не вежбаат и кои не се физички активни. Објаснување е следното: по пат на умерена физичка активност, во имунолошкиот систем се случуваат позитивни промени. Клетките кои се важни на имунолошкиот систем  забрзано кружат низ организмот, се зголемува нивото на имуноглобин во крвта, а се намалува нивото на хормоните на стрес. Набрзо по физичката активност овој ефект престанува, меѓутоа редовното вежбање може да го заштити организмот од инфекции.

Добрите страни на пилатесот

Вежбите на пилатес се насочени кон стабилизирање на работата на срцето, со нагласување на исправеното држење и правилно дишење. Пилатесот се практикува лежерно и контролирано без претерано да се испотите. Не е интензивен и поради тоа е особено добар за лица со послаби зглобови (колена) и претходни повреди. Најголем дел од пилатес вежби за подвижноста на зглобовите зајакнување на мускулите и срцето, како и правилното дишење, можат да се изведат вежбајќи на сите нивоа на физичката кондиција. Освен тоа, не е потребна никаква особена припрема и простор. Пилатесот преставува анаеробна физичка активност. Со него се согоруваат многу калории, а се оформуваат мускулите. Колку повеќе мускули имате, толку повеќе калории ќе согорите.

Вежбање на секоја возраст

Со текот на годините, луѓето се поретко практикуваат физичка активност, занемарувајќи ги позитивните ефекти врз телото на секоја животна возраст. Овие навики треба да се применуваат, бидејќи вежбањето делува исклучиво позитивно и тоа од многу аспекти. Преку вежбање, зајакнуваат мускулите, лигаментите и коските, со што се подобрува подвижноста и се намалува можност за паѓање и повреди.

Со вежбање до поголема толеранција на повреди

Доколку поради убод со тенка игличка или мала исеченица врескате и плачете, како да имате здобиено тешка и сериозна болна повреда имате мал праг на поднесување на болка. За тоа е виновна Вашата ДНК. Некои луѓе се програмирани да создаваат мало ниво на одредени ензими, поради што, имаат нервен систем, кој е особено чувствителен на болка. Доколку сакате тоа да го промените, вежбајте бидејќи само физичката активност ја зголемува толеранцијата на болка.

Проверете и

Што треба да се јаде пред и после вежбање

Доколку внимаваме на тежината и оджување на витката линија, некогаш исклучивото практикување на редовна физичка ...