Почетна / Совети за здравје / Со умно и примерно однесување до здрав, среќен и долг живот

Со умно и примерно однесување до здрав, среќен и долг живот

Научниците постојано и долго време се обидуваат да ја најдат формулата за здрав и долг живот преку набљудувањето на навиките, начинот на однесување и животниот пат на луѓето. Со помош на долгогодишни истражувања сепак е дојдено до неколку заклучоци.

Во проектот наречен долговечност спроведен од страна на психолозите, користени се податоци од студијата која започнала од 1921 година и која го следела животниот пат на 1 500 момчиња и девојчиња, во период од осум децении. Тие дојдоа до заклучок дека најдобриот начин да се утврди причина поради која некои лица доживуваат длабока старост, додека пак други умираат премногу рано е да се следат животните навики на поединци во текот на целиот живот.

Еве ги најкорисните совети на научниците:

Тајната лежи во здрави навики на однесување – клучните одредувачи на долговечноста се следните особини: совесност, истрајност, упорност, дисциплина, самостојност.

Не секогаш безгрижни деца и деца од богати фамилии биле тие, кои живееле подолго. Подолг животен век е забележен кај дисциплинираните деца, кои редовно ги пишувале домашни задачи, чии родители често велеле дека нивните деца цврсто газат на земјата. Овие деца развиле здрави навики на однесување и биле во состојба истите да ги одржат во текот на целиот живот. Лицата кои не биле премногу зависни од нивните родители како деца, станале поодговорни кога пораснале.

Бидете среќни – јасно е утврдено дека среќните лица се поздрави. Да се биде вработен на саканото работно место, кое предизвикува чувство на професионална исполнетост, солидно образование, среќна и солидна врска,хармонични односи во  фамилијата, голем круг на пријатели и познаници преставуваат фактори кои доведуваат до поголема среќа и здравје.

Не секој стрес е лош – секојдневно сме преплавени со податоци, кои говорат за штетните влијанија на стресот, меѓутоа луѓето кои биле најмногу вклучени и ангажирани во постигнувањето на саканата цел биле најздравите и живееле најдолго. Психолозите и научниците тврдат дека одредена доза на стрес е здрава и потребна, за да нè задржи витални и здрави. Утврдено е дека голем дел од луѓето се чувствуваат попродуктивни во услови на мал до умерен стрес.Според едно опсежно истражување кое е објавено во списанието Психолошки билтен покажало дека краткотрајни дози на стрес се пожелни. Мораме да имаме некаков притисок во животот. Секојдневното изложување на умерено стресни ситуации кај најголем број на луѓе овозможува стимулација за изнаоѓање на најбрзи и најкреативни решенија. Стресот ќе ве натера да во одредена ситуација постапите најдобро што можете. Не е добро да се биде под постојан стрес, меѓутоа лицата кои живееле подолго биле токму оние кои не се обидувале да се опуштат или да одат порано во пензија, туку преземале секакви предизвици и биле упорни во реализирање на зацртани цели во животот.

Дружете се со пријателите

Она што е најважно е добро да го осмислите кругот на луѓе кои Ве опкружуваат. Една од тајните на долговечноста е да се биде дел од општествена група и да се избере хоби или професија која природно ќе доведува до здрави животни навики и активности. Ова е многу ефикасен и постапен начин на внесување на промени во текот на животниот пат.

Проверете и

Храна која ќе ви помогне подобро да спиете

Храната е лек доколку се консумира умерено и во вистинско време се консумираат соодветни намирници. ...