Почетна / Совети за здравје / Со помош на чајот од маточина ослободете се од стресот

Со помош на чајот од маточина ослободете се од стресот

Чајот од маточина преставува вистински избор за надминување на стресните ситуации, ослободување од депресија, како и главоболки предизвикани од нервоза или од повраќањето на нервнa база.  

Чај од маточина(melissa officinalis) преставува вистински избор за надминување на стресните ситуации, ослободување од депресија како и главоболката која е предизвикана од нервоза или повраќање на нервна база. Делотворна е и кај нередовните менструации кои се предизвикани од стресот. Освен тоа, овој чај го подобрува и помнењето, зајакнува и го закрепнува срцето, делува анти бактериски и помага кај зацелување на раните.

Чајот се приготвува едноставно. Една лажица маточина или филтер вреќичка попарете со половина литар жешка вода, поклопете и оставете да поседи пет до десет минути. Процедете го чајот и пијте го.
За оние кои не знаат што е маточина, треба да се каже дека станува збор за билка со разгранети стебленца со висина до 60 сантиметри. Цветовите се бело-жолти, можат да бидат и сини и бледо розови, мирисаат на лимон, па ова билка уште се вика и ″лимон трева″.

Маточината е една од малобројните билки кои во исто време се лековити, убаво мирисаат, зачинска, ароматична и медоносна билка. Расте во близина на кошници со пчели, во градините и ливадите во шумите. Во парковите се одгледува како декоративна билка, а во градините како лековита билка. Цути од јуни до септември. За лек се берат листовите и тоа пред цутење, а целата билка додека цути. Се суши брзо и внимателно, под сенка.

Најважната состојка на маточината е етерското масло, кое се добива со дестилација со водената пареа на самата билка која е наберена во фаза на цутење. Убаво мириса, поради што се користи не само во фармацијата туку и во индустријата на парфемите и козметиката.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...