Почетна / Рецепти / Со ова масло вашите трепки, коса и веѓи ќе растат побрзо

Со ова масло вашите трепки, коса и веѓи ќе растат побрзо

Ова масло е одлично како третман за растење на коса, веѓи и трепки.
Една од тајните состојки е рицинусовотто масло кое по конзистенција е погусто. Ова масло се користи дури и доколку сакате и подолга и посјајна брада секако. Богато е со Omega-9 масла кои овозможувааат влакната да бидат поздрави и да растат побрзо. Рицуносовото масло има посебна компонента која му дава антибактериски својства односно ги уништува габите и бактериите на кожата кои и оневозможуваат на косата, трешките, веѓите и влакната да растат.
Доколку сакате подолга, свиленкаста и поздрава коса ви препорачуваме да користите рицинисово масло.

Како да подготвите масло кое ќе го користите како третман за коса, веѓи, трепки или пак брада:

  • Рицинусово масло 5 лажици
  • Нерафинирано кокосово масло 3 лажици
  • Бадемово масло 3 лажици

Подготовка и користење:

Кокосовото масло се затоплува малку во топла вода (теглата ја оставате во тенџере врела вода со цел да добие течна форма маслото кое вообичаено е во тврда состојба на ладно време)
Маслата се мешаат заедно. Ви препорачуваме да ги чувате во посебно шишенце со капачка.

– За трепки и веѓи содржината ставете ја во сад во кој ќе земате содржина со чиста четка за маскара. Доволно е да се нанесува по еднаш навечер пред спиење.

– За коса – до 3 пати неделно масирајте го скалпот со неколку капки од маслото.
Оставете ја преку ноќ косата – тоа би било оптимално.


Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...