Почетна / Совети за здравје / Со креативноста против стресот – што е Арт терапија?

Со креативноста против стресот – што е Арт терапија?

Арт – терапија е вид на психотерапија која ја користи уметноста како примарен облик на комуникација.

Ваков вид на психотерапија е одличен начин да се откријат и надминат емоционалните блокади како и да се подобрат меѓучовечките односи која личноста ја создава.

Не е потребно претходно да имате искуство и да сте талентирани за да одите на Арт – терапија затоа што ова терапија не се засновува на естетски или критички пристап на сликата која ја направивте.

Нејзината основна цел е да им помогне на луѓето кои се менуваат и растат на личен план низ употреба на уметнички материјали во окружување кое им одговара.

Врската помеѓу психотерапијата и Вас е во суштина и најважна во процесот на подобрување на Вашата состојба, но кај арт – терапијата тој процес не е двонасочен како кај останатите туку се развива во три плана: Вас, психотерапевтот и уметноста. Терапијата на тој начин дава прилика и за изразување и комуникација, а посебно им помага на луѓето на кои им е тешко чувствата и мислите да ги изразуваат вербално.

Секој терапевт кој се занимава со ваков вид на психотерапија мора потполно да го разбира уметничкиот процес како и да разбира терапевтската пракса. Неговата работа е понекогаш предизвик и бара вештина и умешност.

Низ уметност и уметнички процеси луѓето стануваат посвесни за себе и за светот кој ги опкружува, излегуваат на крај со симптомите, со стресот, трауматски искуства, ги подобруваат когнитивните функции и учат како да уживаат во работите околу нив.

Доколку имате проблем кои Ве мачат, најдобро е да се консултирате со специјалист кој ќе Ви одреди терапија која најдобро ќе Ви одговара. Доколку сте креативна но повлечена личност имајте на ум да арт – терапија користи креативни процеси кои влијаат на физичко, емотивно и психичко подобрување на личноста, па можеби овој ви на терапија е она што Ви е потрбно.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...