Почетна / Совети за здравје / СНЕЖНО СЛЕПИЛО

СНЕЖНО СЛЕПИЛО

Снежното слепило уште познато како фотокератитис е многу болна состојба на окото предизвикано од преголема експозиција на ултравиолетови зраци (UV) од светла сончева рефлексија од снег, мраз и многу ретко од вода или песок. Свежиот снег има способност да одбива 80% од UV зраците додека песокот од пустините може да одбие 15%, а водата 25% од UV зраците. Процентот се зголемува за 4% со зголемување на надморската височина за 300м.

Снежното слепило е сончева изгореница на конјунктивата и на корнеата (роговицата-проѕирниот преден дел од окото), кај која што првите знаци не мора да се почувствуваат неколку часови по експозицијата на преголемото количевство на UV. Првите симптоми кои што пациентот ќе ги почувствува се пречење на светлината, солзење, изразена болка и отоци на капаците, заматен вид.

За превенција на снежното слепило кај луѓе што се во ризик групата (алпинисти, скијачи, експедиции) се препорачува носење на очила со способност на редукција на пропуштената светлина од 85-90% по принципот на пигментирано стакло со јак UV А и Б филтер или со класични процепни очила. Важно е да се напомене очилата да имаат и странична заштита.

Доколку веќе дојде до UV изгоретина потребно е веднаш да се посети офталмолог каде се аплицираат анестетични капки еднократно,гел за реепителизација и во потешките случаи локално антибиотик. Важно е да се напомене да се престојува во темна просторија, да се аплицираат ладни облоги и по потреба алналгетик за да се спречат болките.

Спец. Д-р Сашо Ѓорѓиоски

Специјалист по офтамологија

Поликлиника НЕУРОМЕДИКА

www.neuromedica.com.mk

https://www.facebook.com/PZUNeuromedica

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...