Почетна / Совети за здравје / Снага на нашата психа – се што сакам, тоа и го можам!

Снага на нашата психа – се што сакам, тоа и го можам!

Џорџ Бернард кажал: ″Постојат многу работи кои не се разумни, но се сепак сосема природни.″ Не може лесно да се разбере како доаѓа до одлуките кои не се засновани врз база на разум. Се поставува прашањето кој или што донесува одлуки. Дали ние самите или нашата психа? Ние веруваме дека учествуваме во нашите одлуки  како свесно и разумно битие кое мисли, чувствува и планира. Ние исто така веруваме дека забележувањето на состојбата и последиците кои произлегуваат од тоа можат да не премислат од неразумното однесување. Но сведоци сме дека низ живот не водат во главно нашите чувства и нашата интуиција. Погледнете ги шесте можности за користење на снагата на психата.

Истражете ја Вашата личност

Организирајте се и обидете се да она што го работите го работите со задоволство, секако ако е тоа можно. Тогаш ќе Ве подржи и снагата на психата. Најдобро во тоа ќе успеете доколку потполно се предадете на една активност, така ќе настане добар спој на мозокот и психата. Личноста која во неговата работа се смета за важна, а својата работа смислена и при тоа почувствува дека во професијата може да ги употреби неговите силни страни, ќе биде повеќе среќен од она личност која само механички ја изведува работата.

Негувајте ги пријателствата

Психата го сака друштвото, вниманието, топлината и срдечноста. Позитивните општествени контакти го намалуваат стресот и го зајакнуваат имунолошкиот систем. Искористете ја секоја прилика да стапите во контакт со луѓе и создадете прилика да најдете нови пријатели.

Побарајте го внатрешното задоволство

Психата Ви дава снага за да се решите од самарот на минатото. Тоа е неопходен предуслов за задоволство. Смиреното срце и задоволството имаат врска со мирот. Помирете се со минатото, тоа ќе Ве ослободи за подобра иднина. Избегнете ја засекогаш реченицата која ќе ве направи да бидете несреќни″ Да бев само …″

Не завидувајте им на другите

Не се споредувајте со другите на кои наводно им е подобро. Психата најмногу сака да се споредува сама со себе, да самите себе си докажете колку веќе постигнавте. Погледнете во Ваш живот и прашајте се колку сте постигнале, научиле, совладале. Таквите мисли и одговараат на психата и ја зајакнуваат. Што подолго и по интензивно се потсетувате на Вашите успеси, ова позитивно чувство подлабоко ќе се врежи во свеста и позитивно ќе влијае на општото задоволство во животот.

Слушајте музика

Дали забележавте дека работите полесно ги изведувате додека ја слушате музиката? Музиката директно влијае на нервите, телото и душата.

Љубовта дава сила

Кој со љубов мисли на другите, срдечно им се обраќа, на другите им помага и тој самиот ќе се чувствува посреќно. Таквото чувство на среќа најмногу може да се развие тогаш кога не се зборува за укажаната помош или тајно му се помогне на личноста на која и е потребна помош.

 

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...