Почетна / Здравје и исхрана / Смоква – овошје кое го обновува здравјето и ги брише брчките

Смоква – овошје кое го обновува здравјето и ги брише брчките

Доаѓа сезоната на смоквите, а неодоливи се причините смоквата да ја јадeме што е можно почесто. Смоквата е овошје кое обновува, засилува, го одржува здравјето и ги бриши брчките.

Билката која многу дава, а малку и е потребно, сиромашна почва и неколку капки вода, одличното овошје кое е познато по лековитите својства

Висока концентрација на магнезиум

Магнезиумот е еден од основните елементи кој го штити нашиот нервни систем од стресот. Посебно е важен за нашите коски, имунитетот и здравјето на мозокот. Го поттикнува здравјето и виталноста, ги лекува заболувањата, и го забавува процесот на стареење. Сувите смокви содржат три пати повеќе магнезиум отколку свежите.

Обилуваат со калиум, калциум, железо, фосфор, бакар, витамини Б6, Ц и бетакаротен. Има ниска содржина на маснотии и поголема содржина на влакна отколку било кое друго овошје и зеленчук. Пектинот е влакно кое го намалува холестеролот во крвта, додека триптофанот помага кај проблемите со циркулацијата и кај несоницата.

Високата содржина на шеќер ќе направи да Вашиот мозок работи побрзо, подобро да прима и да ги развива информациите. Секако треба да бидат внимателни дијабетичарите при консумација на сувите смокви кои содржат двапати повеќе шеќер отколку свежите.

Сувите смокви се извор на бројните нутриенти и воедно се практичен и нутритивно вреден појадок за спортистите рекреативци и професионалци, а во комбинација со јаткастите плодови можат да послужат како идеален меѓу оброк. Чај од смокви лекува заболувања на џигерот, грлото, дишните органи, камења во жолчката.

Содржат и билните стероли, кои докажано поволно делуваат на нивото на холестерол во крвта. Билните стероли како што е стигмастеролот и ланостеролот, кои се наоѓаат во смоквите се врзуваат за молекулите на холестерол и цревата и така ја оневозможуваат нивната апсорпција.

Бројните истражувања открија дека смоквите обилуваат со споеви кои имаат потенцијални антиканцерогени делувања. Испитаните споеви во научните истражувања покажале ветувачки резултати посебно кога станува збор за карциномот на кожата и простатата.

Свежата смоква содржи 80% вода и 60% природни шеќери па консумирање на смоквата е многу важно. Благиот и богатиот вкус на смоквата се согласува и со солените вкусови, како што е козјото сирење, а можеме да ја додадеме и во разни јадења.

 

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...