Почетна / Совети за здравје / Смиљот ( Helichrysum arenarium) – природен лек за камен во жолчката

Смиљот ( Helichrysum arenarium) – природен лек за камен во жолчката

Смиљот е повеќе годишна билка со жолти цвеќиња, во народот е одамна познат како природен лек за камен во жолчката. Ова билка е распространета на Медитеранот. Цути во текот на летото. Ова билка е нај барана во козметичката индустрија. Етеричното масло од смиљот е многу ценето и скапо. Потребно е големо количество од ова билка, како би се добило малку од ова масло.

Смиљот е омилен како цвеќе, но е добро познат како лековита билка. Користи се за лекување на жолчката и за исфрлување на камења од жолчката. Позитивно делува на органите за варење. Во употреба е и како лек за уринарниот тракт. Ова билка содржи флавоноиди, танини, смола, етерично масло, органски киселини, горки материи.

Уште во времето на Хомер во Грчка, смиљот се користел за лекување на раните. Ова лековита билка е лек и за кашлица и бронхитис. Го зајакнува целокупниот организам. Поволно влијае и на регулирањето на холестерол и  крвниот притисок. Се користи и во козметичката индустрија поради регенеративното делување на маслото од смиљот врз кожата. Добро ја негува, хидрира и подмладува кожата.

Чај од смиљ за жолчката         

Чај за жолчката може да се прави само од смиљ или смиљот да се комбинира со други лековити билки кои имаат слично делување.

Подготовка: 3 големи лажици смиљ се ставаат во ½ литра зовриена вода. Поклопете и оставете преку ноќ да седи чајот. Наутро процедете го чајот и се пие 3 пати дневно, пред јадење. Овој чај е добар и за органите за варење, органите за мокрење, за регулирање на крвниот притисок и холестеролот како и за зајакнување на организмот.

 

Проверете и

Храна која ќе ви помогне подобро да спиете

Храната е лек доколку се консумира умерено и во вистинско време се консумираат соодветни намирници. ...