Почетна / Совети за здравје / Смешната страна на проблемот

Смешната страна на проблемот

Хумор терапија и терапија со смеење го поттикнува лачењето на хормоните на среќа, а научниците докажаа дека само две минути смеење има ист ефект како 10 минути вежбање.

Вештачкото смеење има ист ефект на биохемиските процеси во организмот како и спонтаното смеење. Терапијата со смеење поради овие факти,  брзо се прошири и денес се применува во клубовите на 55 земји. Со ова терапија можете да си помогнете себеси и да го смените односот кон животот, повторно да ја откриете радоста или да го унапредите здравјето. Доброто смеење донесува моментална релаксација, го намалува нивото на стресните хормони и трема, самодоверба.

Благотворното кикотење

На терапијата со смеење пациентите се смеат без вицеви, комедија или хумор, дури ако дојдат нерасположени, смеењето брзо ги обзема. Кога почнувате со вежби со смеење, Вие му праќате порака на мозокот и тој почнува да лачи ендорфин – хормон на среќа. Хормоните низ физиолошките и биохемиските промени во Вашето тело предизвикуваат релаксација и го подобруваат расположението.

Позитивен ефект

Луѓето можат да се научат да се смеат кога им е потребно. Доброто смеење тогаш дава моментална релаксација, го намалува нивото на стресните хормони и трема. Ја зајакнува самодовербата и затоа може терапевтски да се применува пред испит, настап или одлучувачка натпревар. Личностите кои не беа способни било што да кажат пред терапијата со смеење често стануваат многу добри говорници.

За поубав израз на лицето

Смеењето ги зајакнува мускулите на лицето и во целост го подобрува изразот на лицето. Кога се смеете, Вашето лице станува розово поради зголемено снабдување со крв, која го храни лицето и и дава руменило. Контракцијата на солзните жлезди во текот на смеење доаѓа до зголемено навлажување на очите што им дава блескав и искричав изглед. Настанување на брчки на лицето е неизбежно со текот на времето но забележително израз на лицето даваат брчки кои настанаа како последица на смеење, во однос на оние кои настануваат под влијание на бесот, лутењето или тага.

Ендорфинот ја уништува болката

После смеењето сите се чувствуваат задоволно и растеретено. Запираат главоболките, мигрените, како и други психосоматски заболувања. Дејството на психофизичко здравје потврдил и др. Вилијам Фрај од Универзитет Станфорд – само две минути смеење има ист ефект како 10 минути вежбање. Десет минути смеење го намалува крвниот притисок за 10 до 20 mm Hg. Терапијата со смеење се смета за една од најдобри вежби за оние кои боледуваат од астма или бронхитис, затоа што со текот на смеење се подобрува вентилацијата на белите дробови и го зголемува количеството на кислород во крвта.

 

 

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...