Почетна / Совети за здравје / Смејте се за подобро здравје

Смејте се за подобро здравје

Дејството на смеата врз телото е речиси неверојатно. Хуморот и смеењето го стимулира целиот физиолошки систем мускулниот, респираторниот, кардиоваскуларниот и коскениот. Гласното смеење е благопријатно за срцето, циркулацијата и имуниот систем. Позитивно влијае на целото здравје, преку лачење на хормоните на среќа и спречување на лачење на хормоните на стресот. Истражувачите велат дека комичните ситуации го зголемуваат лачењето на хормонот на среќа за 27% и хормонот на раст за 87%. Овие два хормони го зајакнуваат имуниот систем. Во исто време, нивоата на кортизолот и адреналин се намалуваат за 40 – 70%.

Веселото смеење го зголемува присуството на имуноглобалинот А, кој ги штити горните дишни патишта. Кај пациенти кои биле на програма со задолжителна дневна доза на хумор, се забележале зачудувачки резултати во намалување на покачениот крвен притисок. Смеењето го подига нивото на енергија во организмот, а на работното место ја зголемува продуктивноста.

Во еден експеримент научниците забележаа дека се потребни 10 минути вежбање на фитнес справа, за да се покачи пулсот колку во првите неколку секунди од здравото смеење. Ова не значи дека со смеење ќе ги зацврстите мускулите, но без сомнение, факт е дека смеењето е вистинска работа за цело тело.

Истражувањата покажуваат дека луѓето со добра смисла за хумор полесно се справуваат со стресот, имаат појак имунитет, а емотивно се поотпорни на нервози. Со заедничко смеење се зацврстуваат меѓучовечките односи, смеењето ги разбива фрустрациите и ги решава напнатите ситуации

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...