Почетна / Здравје и исхрана / Сладолед против стресот

Сладолед против стресот

Доволна е само една лажица сладолед за да предизвика реакција во зоните на среќата во мозокот. Но тоа не е се …

Сакате да бидете среќни? Јадете сладолед! Ова не е шега, туку препорака од стручњаците кои дојдоа до заклучок дека овој вкусен и ладен десерт дава ист ефект на мозочните центри како и слушање на омилена музика.

Нутритивна вредност

Сладоледот не дебелее, богат е со минерали и витамини. Нутритивната вредност на сладоледот е голема затоа што 100 грама има околу 200 калории. Во производството се користи млеко во прав и бои со природно потекло.

Двапати неделно

Околу 83% од нутриционистите, според една студија, востановиле дека десертите меѓу кои е и сладоледот можат да поможат во одржувањето на диетата. Жените кои јадат полномасни млечни производи имаат помал ризик од неплодност, утврдија стручњаците. Затоа се препорачува да жените јадат сладолед барем двапати неделно. Истражувањата покажаа дека жените кои се опседнати со контролирање на телесната тежина, кои исклучиво консумираат млеко со помала маснотија, за 80% го зголемуваат ризикот за неплодност. Стручњаците за исхрана сметаат дека полномасните млечни производи најверојатно содржат хемиски споеви кои го зголемуваат функционирањето на јајниците и така позитивно влијаат на плодноста на жените. Освен што е добар за телото, сладоледот го освежува и духот.

Видови на сладолед           

Постојат различни видови на сладолед. Имаме млечен сладолед, крем сладолед, сладолед за дијабетичари (кој наместо сахароза содржи фруктоза, сорбитол, манитол или некој друг засладувач ) и смеса за сладолед ( течна или во прав ). Доколку млечните состојки се заменат со не млечни, потполно или делумно, таквиот производ се нарекува замрзнат десерт. Хранливата вредност на сладоледот зависи од вредноста на состојките од кои е произведен. Млечниот и крем сладолед ги содржат сите состојки на млекото само во различните количества, а поедини додатоци му ја зголемуваат хранливата вредност.

Сладолед од ванила

Сладоледот е како создаден за здравјето затоа што го намалува делувањето на стресот и така отстранува ризик од заболувања кои се предизвикани од стресот. Докажано е дека на психата посебно делува сладоледот од ванила. Ладниот десерт му дава ист ефект на мозочните центри како и слушање на  омилената музика, покажале истражувањата. Тоа утврдија стручњаците од Хардвард универзитетот за јавно здравје во Бостон со скенирањето на мозочните бранови. Испитаниците во текот на скенирањето јаделе сладолед од ванила.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...