Почетна / Фитнес и аеробик / Ослабете на здрав начин со помош на зелено кафе и редовно вежбање

Ослабете на здрав начин со помош на зелено кафе и редовно вежбање

Рецептот за слабеење е едноставен – здрава исхрана, редовно вежбање и истрајност во својата цел ќе ве доведат до  траен резултат. Консумирајте, Green Coffee Diet Support (Зелено кафе) 1 капсула 1-2 пати 30 минути пред оброк. И одвоете барем 15-30 минути дневно за физичка активност, па ќе бидете навистина изненадени од постигнатиот ефект.Тоа е тајната на многу холивудски ѕвезди, кои мораме да признаеме изгледаат совршено.

NOW-01925-1

Денес ви презентираме комбинација од неколку вежби кои можете да ги правите и во вашиот дом а навистина имаат ефект. Следете ги фотографиите погрижете се да ги правите правилно овие вежби и во комбинација со  Green Coffee Diet Support ќе ја одржите формата на телото и ќе ослабнете за само неколку недели.

  • Склекови (горен дел од телото)

Започнете од позиција на штица со лицето кон подот. Дланките нека ви стојат во висина на рамениците, а нозете потпрете ги со врвовите на прстите. Вовлечете го стомакот и држете го грбот исправен. Спуштајте се надолу така што ќе ги ширите лактите настрана. Задржете се малку над подот и повторно почнете да се поткревате нагоре во првобитната позиција.

4644_190314163917310_1021x1021

  • Супермен (горен дел од телото)

Легнете на подот со лицето надолу. Испружете ги рацете пред вас. Поткренете ги рацете, градите и нозете од подот. Држете така броејќи до десет, па почнете полека да ги спуштате надолу.

4644_190314163917402_550x550

  • Превртен мост (горен и долен дел на телото)

Започнете од седечка позиција. Ставете ги рацете зад вас со прстите во спротивна насока од телото. Обидете се да ја поткренете карлицата нагоре, така што истовремено ќе туркате и со рацете и со стапалата, се  додека рамениците и колената не дојдат во иста линија. Останете така неколку секунди. Спуштете ја карлицата полека до почетната позиција.

4644_190314163917518_978x1024

  • Велосипед (стомак)

Легнете на подот. Вовлечете ги стомачните мускули кон внатре. Прстите испреплете ги и ставете ги зад вашата глава. Донесете ги колената кон градите додека истовремено ги кревате плешките од подот. Исправете ја едната нога за 45 степени од земјата, а горниот дел од телото вртете го кон лево. Обидете се да го допрете коленото со лакотот. Бидете сигурни дека градниот кош ви се движи а не само лактите. Повторете го истото  движење само на другата страна. Обидете се при тоа постојано да „возите “ велосипед.

4644_190314163914423_550x550 (1)

  • Комплетни стомачни

Легнете на грб потпирајќи се со колената и стапалата на подот а рацете прекрстете ги на градите. Левата рака нека ви го допре десното рамо и обратно. Нежно почнете да го поткревате горниот дел од телото. Исправете со потполно. Останете во таа позиција неколку секунди и полека спуштете се надолу.

4644_190314163914571_1024x1024

  • Планинарење

Почнете во класична позиција на низок старт. Рацете поставани пред колената, а колената свиткани. Донесете ја едната нога напред, виткајќи ја во коленото и оставете ја тежината на бутот. Сменете ги нозете носејќи го левото колено напред додека другата нога се движи наназад.

4644_190314163914662_1024x794

  • Седиште (средишен дел на телото)

Започнете седејќи на подот со нозете испружени пред вас. Исправете го грбот убаво и останете во таа позиција. Повлечете го папокот навнатре и почнете да се вртите од десно кон лево, лесно допирајќи на едната и другата страна со прстите.

4644_190314163914849_1024x1024

  • Штица на страна

Седнете на левата страна со нозете благо свиткани а нозете нека ви стојат една до друга. Ставете ја левата рака на 30 см од карлицата. Исправете се полека нагоре, помагајќи си со раката. Ако имате проблеми со рамнотежата, помагајте си со нозете. Останете во таа позиција 30 секунди па сменете ги страните.

4644_190314163914933_550x499

  • Основно клекнување (долен дел на телото)

Застанете со нозете во ширина на рамениците. Држете ги рацете под градите за да ви помогнат при одржувањето на рамнотежата. Свиткувајте ги колената, а колковите спуштајте ги надолу се додека не застанете во позиција како да седнувате. Бидете сигурни дека тежината ја префрлате на задниот дел од нозете. Потоа почнете полека да се поткревате нагоре, се додека не се исправите целосно со постојано стегнати мускули на нозете.

4644_190314163915175_550x550

  • Скок (долен дел од телото)

Држете го горниот дел од грбот исправено. Гледајте право пред вас. Исчекорете напред со едната нога се додека колениците не ви се свиткаат во агол од 90 степени. Коленото не треба да ви биде понапред од вашиот глужд на ногата. Другата нога не треба да допира до подот. Останете така неколку секунди па сменете ја ногата со скок.

4644_190314163915371_770x683

Проверете и

Што треба да се јаде пред и после вежбање

Доколку внимаваме на тежината и оджување на витката линија, некогаш исклучивото практикување на редовна физичка ...