Почетна / Здравје и исхрана / Сите тајни на грчката национална кујна!

Сите тајни на грчката национална кујна!

Со големо влијание на турската и италијанската кујна, грчките специјалитети се базираат на маслиновото масло, зеленчук и лековитите билки кои се специфични за медитеранското поднебје.  

Современата грчка кујна збогатена е со античката традиција, од влијанието на соседните држави како и од традиционален стил на живот на модерното грчко семејство. Маслиновото масло, е секако состојка од големо значење за идентитетот на ова кујна и специфичниот вкус на јадењата.

Појадокот во традиционалниот грчки ресторан преставува потполно поинакво искуство од јадењето во грчкиот ресторан кој е надвор од матичната земја. Поточно речено, за Гркот, гирос е нездраво јадење.

Во традиционалните рецепти, Грците најпрво ќе се определат за месо од коза, овца или телешко месо, и тоа на скара или на маслиновото масло, но во последните години се повеќе е застапено свинското и пилешкото месо. Бројни се и специјалитети од риба и другите плодови од морето.   .

Врвното место меѓу зеленчукот му припаѓа на доматот и компирот. Веднаш зад нив се гравот, грашокот, кромидот и патлиџанот. Зеленчукот се користи за подготвување на различни манџи, салати или сосови за лиснати теста, но овие сосови често се подготвуваат и од месо или од сирење.

Постојат неколку карактеристични видови на сирење:Фета, полу –тврдо, бело сирење кое се прави и од кравјото млеко, за разлика од Kasseri (тврд, жолт) и Mizithra (меко бело сирење) кое се прави само од млеко од коза или овца.  .

Јадењето кое не асоцира на Грчка е секако грчка салата Tzatziki. За подготовка на ова салата потребно Ви се: 400 грама фета сирење, 1 поголема краставица, 2 домати, 1 поголема пиперка бабура, 1 кромид, 150 грама маслинки, маслиново масло, сол и оригано.

Лукот исечете го на тенки ливчиња, а краставицата и доматот на тркалца, кои потоа ќе ги исечете на половина. Наредете ред краставици, посолете ги и додадете малку маслиново масло, потоа наредете ред домати, па пак посолете и додадете масло и наросете малку оригано, па ред пиперки кои исто така ќе ги посолите и додадете малку масло и на крај ред маслинки. Сето ова заедно лесно измешајте и одозгора ставете фета сирење, наросете со малку оригано и додадете малку маслиново масло. Сега грчката салата е спремна за јадење!

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...