Почетна / Здравје и исхрана / СИТЕ БЛАГОДЕТИ НА ПОСТОТ

СИТЕ БЛАГОДЕТИ НА ПОСТОТ

Постот не треба да го доживувате како гладување, туку како одлична прилика да јадете здрава и разновидна храна.

Шестнеделниот божиќен пост почнува 28. ноември, а се завршува на Бадникова вечер, 6 јануари. Во овие 40 дена, како објаснуваат теолозите, православните христијани го освештуваат завршниот период на годината со таинственото обновување на духовното единство со Господ и се подготвува за празникот на Христовото раѓање. Во овој период не се јаде месо, млечните производи и јајца. Во првите месец дена од постот дозволено е да во понеделник, вторник и четврток јадете храна која е подготвена на масло и да пиете вино, во сабота и недела дозволена е риба, додека во среда и петок се јаде храна која е подготвена исклучиво на вода. Последната недела од постот црквата одобрува консумирање на вино и масло, со исклучок во среда и петок, кога храната се подготвува на вода.

Што се случува во телото?

Посните оброци треба да бидат редовни и разновидни. Мора да внесувате доволно течности, минимум два литри дневно. Бидејќи на менито не е застапена храна од животинско потекло, јадете ги намирниците кои содржат висок процент на протеини. Кога ќе почнете да постите, телото во првите неколку недели се префрлува на поинаков начин на работа и троши помалку енергија. Крвниот притисок се намалува, вишокот на вода се исфрлува од организмот. После пет дена постење телото се навикнува на нов режим на исхрана и почнува да лачи ендорфин, кој ја намалува болката и е задолжен за добро расположение. Затоа сите кои постат се чувствуваат добро и имаат повеќе енергија.

Како да се храните?

Правилниот пост значи внесување на здрава храна, во која спаѓаат овошјето, зеленчукот и рибата, што позитивно се рефлектира на изгледот на кожата и косата. Постот привремено ги прочистува крвните садови, а четириесет дена постење добро влијае на органите за варење затоа што со поголемото внесување на намирници кои содржат целулоза се забрзува процесот на варење и ја регулира столицата. Гравот, леќата, сојата, боранијата, грашокот и рибата се јадат во текот на целиот пост повеќе од вообичаено. Рибата содржи белковини, градивни материи и фосфор, кои се посебно важни за мозочните клетки. Оние кои имаат зголемен холестерол и триглицериди после постот ќе имаат сигурно пониски вредности. Исто е и кога станува збор за високиот крвен притисок, затоа што со избегнувањето на животинските маснотии и сол се знатно намалува. Постот е навистина користен, посебно ако после него продолжете со комбинираната исхрана.

Јадете повеќе белковини

Доколку немате доволно време да размислувате за подготовка на посните јадења, во Вашиот дом секогаш треба да имате соино млеко, разни видови на житарки, зеленчук и овошје. За време на постот менито може навистина да биде разновиден, посебно сега кога постојат посните сирења како што се гауда или едамер, кои можете да ги ставите на посната пица со туна, и ете Ви вкусен оброк. Поред тоа можете да јадете посни сарми, компир, пита со јаболко, медењаци, посен мајонез. Доколку во текот на постот Ви недостигаат белковини затоа што се занимавате со спорт или со физичка работа, можете да ги надоместите така што ќе јадете грав кој содржи 40% белковини.

Исчистете го организмот со помош на сокови

Течностите играат бесценета улога во чистењето на организмот од солта. Дневно треба да испиете најмалку две литри течности, а најдоброто решение се соковите од цеденото овошје и зеленчукот. Постојат комбинации на овошјето и зеленчукот кои даваат извонредно добри резултати, пред се комбинацијата на сокот од јаболко, сок од морков и цвекло. Секој ден испијте по две чаши од овој сок, а поред тоа и најмалку половина литар вода на ден и билните чаеви.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...