Почетна / Активен живот / Симптоми за срцев напад: дали се различни кај мажите и жените?

Симптоми за срцев напад: дали се различни кај мажите и жените?

И мажите и жените може да ги имаат добро познатите симптоми за срцев напад како : ладна пот, болки во пределот на градниот кош, несвестици. Но некои од помалку познатите симптоми како болки во пределот на абдоменот, вратот, вилицата, недостаток на воздух, вртоглавици се почеста појава кај жените отколку кај мажите. Но се разбира не треба да ги игнорирате овие знаци иако сте мажи.

Срцевите болести се водечка причина за смртноста кај мажите и жените во светот. Ова е болест каде артериите кои го слабдуваат со крв срцето стануваат тесни со што се намалува снабдувањето со крв до срцето. Доколку снабдувањето со крв е комплетно блокирано или пак редуцирано тогаш настанува појава на срцев напад.

Дали знаевте дека жените подложни се на поголем степен на смртност за разлика од мажите по добивање на срцев напад?

Ова е затоа што жените имаат помалку познати симптоми за срцев напад и може да ги занемарат ззнаците како нешто недоволно заканувачко.

Знаци кои се чести кај мажите и жените:

Некои симптоми на срцев напад како болка во градите се добро познати, меѓутоа многу е важно да се обрне внимание на други суптилни знаци исто така. Имајте во предвид дека доколку сте доживеале срцев напад претходно, можеби и нема да ги доживеете сосема истите симптоми и вториот пат.
Ова се некои од предупредувачките знаци на кои треба да обрнете внимание:

  1. Притисок или болка во градите

Дискомфор или болка во левата страна или центарот на градите е најчестиот симптом за срцев напад. Ова може да изгледа како непријатен и некомфорен притисок, чувство на притискање или болка. Исто така симптомите може да наликуваат на горење во делот кај срцето или пак лоша дигестија. Оваа сензација најчесто трае неколку минити се враќа повторно.

  1. Ладна пот

Ладна пот или ексесивно потење е уште еден чест знак за појава на срцев напад.

  1. Главоболки и вртоглавици

Знаци кои се почести кај жените

Некои знаци на срцев напад се почести кај жените. Меѓутоа ова не значи дека треба да ги игнорирате овие знаци и не треба да ги игнорирате доколку сте мажи.

1.Недостаток на енергија

Недостатокот на енергија или летаргичност е чест знак за појава на срцев напиад кај жените. Кај повеќе до 50% од жените кај кои се појавува срцев напад, често чувствувале умор на мускулите кој не наликува на таков кој се добива од класичен умор од вежбање

2.Болка во горниот дел од телото

Срцевиот напад може да предизвика дискомфор или болка во грбот, вратот, горниот дел од абдоменот  (над папокот), вилицата или пак болки на раката или двете раце. Чувството на затегнатост или болка во долниот дел од вилицата, чувство на горење и гушење во грлото, тешкотија, притисок болка околу двете рамена, отрпнување на местото од градите или пак тапа болка помеѓу ребрата.

3.Недостаток на здив
4.Вртоглавици и повраќање


Што може да направите за да го намалите ризикот ?

Фактори како крвен притисок, висок шеќер во крвта, високи нивоа на холестерол се дел од факторите кои може да го зголемат ризикот од појава на срцев напад, и контролата на истите е од голема важност.Други фактори како стрес и депресија исто така се повзани со срцева болест и мора да се внимава на истите.
На кои фактори треба да се обрне доста внимание со цел да се заштитите од појава на срцев удар?

Здрава исхрана

Балансирана исхрана со што е поголем број свежи и здрави намирници е многу важна при одржување на здравјето на срцето. Вашата исхрана треба да е богата со овошје и зленчук, чисто немасно месо, риба а да се ограничи внесот на шеќер, сол и нездрави масти.

Физичка активност

Вежбањето може да го намали холестеролот, да го покачи добриот холестерол, контролирање на шеќерот во крвта и редуцирање на крвниот притисок. Барем 30 минутна модерирана активност на пример (пешачење, работа во градината..) моќе да ви помогнат во одржувањето на здравјето на срцето.

Не користете производи од тутун

Тутунот во сите свои форми може да го уништи вашето здравје. Изложеноста и на чадот од цигарите може да ви предизвика проблеми исто така. Добри новости се дека ризикот од појава на срцев напад може да бидат редуцирани до 50% откако ќе ги оставите цигарите во првата година.

Испробајте вежби за дишење
Медитирајте по 20 минути дневно, опуштете се .
Стресот е еден од најголемите убијци затоа редуцирајте го
Почесто шетајте на планина и дишете свеж планински водух почесто

 

 

Проверете и

Храна која ќе ви помогне подобро да спиете

Храната е лек доколку се консумира умерено и во вистинско време се консумираат соодветни намирници. ...