Почетна / Совети за здравје / Силата е во Вас – како да ја зголемите енергијата?

Силата е во Вас – како да ја зголемите енергијата?

Бидејќи енергијата е од клучното значење во овој забрзан свет, еве седум корисни совети од психолозите како да ги наполните батериите и тргнете понатаму.

Совет1

Дишете од стомак – во кинеската медицина ваквото дишење се вика qi ( чи ) и еден е од најважните начини на кој создаваме чи е длабокото дишење.

Стрес, лошото држање и опуштениот стомак само се некои од причините поради кои не можеме да дишеме со полни гради. Дишењето од стомак е единствен начин со помош на кој можеме да ја зголемиме енергијата и да ја подобриме издржливоста.

Совет 2

Елиминирајте ја храната која Ви одзема енергија

Уморот може да се манифестира доколку не земате доволно алкална храна ( смокви, зелен зеленчук, бадеми, цвекло, урми, целер, динња и магдонос )

Премногу шеќер – премногу шеќер предизвикува флуктоација на шеќер во крвта, што може да предизвика вртоглавица и намалување на енергија. Јадете повеќе храна со малку маснотии – голем дел од таква храна имаат шеќер во некој облик, како што е фруктоза која што се наоѓа во пченкарниот шуруп кој се додава во храната за да биде повкусна.

Неодоливи протеини – една рака бадеми и ореви може да ви користи како брз протеински појадок.

Премногу кафе – иако кафето на почеток создава енергија, пет, шест шолји кафе во текот на денот може да поттикни дополнително согорување, Обидете се постепено да се ограничите на една шолја дневно кафе.

Недоволно вода – еден од најчестите причини на недостиг на енергија е малото внесување на вода.

Совет 3

Најдете време за себе

Внесете дневен ритуал каде што ќе 20 – 30 минути да најдете време за себе, каде што ќе се опуштите и нема да работите ништо ( без да гледате телевизија или компјутер ). Земете некоја книга, слушајте музика, медитирајте испијте чаша вино.

Совет 4

Витамини кои го намалуваат стресот

Луѓе кои имаат хроничен стрес често имаат недостиг од витамин Б. Комплекси на витамини за намалување стрес често во составот имаат повеќе витамин Б отколку стандардните мултивитамини. Поред тоа, постојат комплекси на витамин од Б група со Б – 50 формула која се зема како додаток со стандардните мултивитамини. Имајте во предвид да витамин Б2 во комплекс на б витамини често ја менуваат бојата на мокрачата во силно жолта.

Совет 5

Наспијте се добро

Осум часа ноќно спиење е оптимум, но исто така е важно во кое време легнувате – спиење од 1 до 9 не е исто како спиење од 22 до 6. Лачењето на хормоните, телесната температура, варењето и други важни процеси го следат 24 часовен циклус кои е важен за изложеноста на природна светлина. Доколку некогаш сте заминале на спиење во три сабајле и следното утро станавте во 11 претпладне, веројатно забележите да не сте така расположени, туку да сте помалку исцрпени.

Совет 6

Силата на позитивните мисли

Значење на физичката активност – за жени се препорачува најмалку три пати неделно по еден сат тренинг, а за мажите четири пати во неделата. Најздраво е брзото одење.

Силата на позитивното мислење – позитивен став, оптимизам, поставување на позитивни цели, дружење со позитивни луѓе. Сето тоа заедно создава позитивна енергија, која е предуслов за здрав и долг живот.

Совет 7

Сменете ги лошите навики

Хормон на растот е еден од таквите хормони кои се потребни за силни мускули, оптималното функционирање на имунитетот и цврста кожа, а се излучува помеѓу 23 и 1

Обидете се да заминете на спиење пред 22 часа. Може да се случи да Ви е тешко да се навикнете да легнувате рано, посебно доколку работата ја завршите доцна или доколку ноќта е единствено слободно време кое имате и сакате да гледате телевизија касно навечер. Доколку тоа успеете, ќе бидете наградени со зголемена енергија.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...