Почетна / Рецепти / Штрудла со јаболка

Штрудла со јаболка

Потребно е:

1 паковање лиснато тесто

600 гр јаболка

1 ќесичка цимет

1 лажица кафеав шеќер

1 јајце

50 гр суво грозје

70 гр ореви

шеќер во прав

Подготовка:

Јаболката исчистете ги и исечете ги на коцки, па измешајте ги со цимет и шеќер. Додајте суво грозје и сечкани ореви. Лиснатото тесто растенчете го, ставете фил, ролувајте и премачкајте ги со изматеното јајце. Јуфките благо избоцкајте ги со вилушка и печете 30 минути во рерна загреана на 200 степени. Печените штрудли посипете ги со шеќер во прав.

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...