Почетна / Здравје и исхрана / Штрудла со џем

Штрудла со џем

За овој вкусен и брз рецепт потребни ви се:

  • 500 g брашно (тип 500)
  • 250 ml млеко
  • 100 ml масло
  • 2 јајца
  • 1/2 коцки свеж квасец (25 g)
  • 1/2 лажички сол
  • 5 лажици шеќер

    Во  250 ml млако млеко разматете квасец и додајте го шеќерот и оставете го малку да нарасне околу 15-20 минути. Замесете глатко тесто.
    Поделете го нма два дела (две јуфки) и прекријте го со крпа и оставете го 45 минути да нарасне.

    Истанчете ги двете половинки што е можно повеќе и по целата површина обилна размачкајте со џем. Завриткајте во ролат и ставете ги ролатите во подмачкан плех со малку путер. Ролатите премачкајте го со жолчка измешана со малку масло. Печете 45 минути на температура од 200 степени.
    Испечената штрудла испрскајте ја со малку вода, прекријте ја со дебела крпа и оставете ја малку да излади. Откако ќе ја извадите крпата посипете со шеќер во прав.

    Брзо, лесно и вкусно!
    На здравје!

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...