Почетна / Фитнес и аеробик / Што се случува со нашиот мозок додека вежбаме?

Што се случува со нашиот мозок додека вежбаме?

Секој пат кога вежбате, чувствувате нова енергија, но зошто е тоа така објаснуваат стручњаците…

Кога почнувате да вежбате, Вашиот мозок тоа го препознава како стресен момент. Како отчукувањата на срцето се забрзуваат, мозокот мисли дека се борите со непријателот или да од него бегате.

За да се заштитите себеси и Вашиот мозок од стрес, Вашиот организам ослободува протеин кој се вика неуротрофеен мозочен фактор (БДНФ).

БДНФ има заштитна моќ и делува така да се чувствуваме среќни, а работите ни стануваат појасни.

Во исто време се ослободува и ендорфинот кој исто така се бори против стресот. Тој е поврзан со чувството на еуфорија, а исто така Ве спречува да ја чувствувате болката.

Иако од БДНФ и ендорфинот се чувствувате добро, треба да знаете и тоа дека тие имаат слично делување како морфиум, никотин или хероин, единствена разлика што првите два се добри за Вас.

Во едно истражување потврдено е следното: луѓето кои имаат вежбано, но и не на денот на истражувањето, подобро го направиле тестот за меморијата од оние кои воопшто не вежбале.

Меѓутоа, нивните резултати не биле ни пола подобри од оние луѓе кои вежбале тоа утро.

Затоа:

– Почнете да вежбате, штом ќе заѕвони алармот.

– Пратете го Вашето вежбање и секој ден вежбајте во исто време.

– Кога размислувате да почнете со малите чекори, почнете со уште помали. Со текот на времето ќе  напредувајте.

– Секогаш имајте во предвид дека сте најсреќни тогаш кога првпат почнувате да вежбате.

 

 

Проверете и

Што треба да се јаде пред и после вежбање

Доколку внимаваме на тежината и оджување на витката линија, некогаш исклучивото практикување на редовна физичка ...