Почетна / Совети за здравје / Што се каротеноиди?

Што се каротеноиди?

Каротеноиди се фамилија на околу 700 масно-растворливи молекули кои се произведуваат само од фитопланктоните, алгите, растенијата и ограничен број на габи и бактерии. Бета каротенот од морковот е сигурно најпознат каротеноид.

Bronzeado3
Каротеноидите се фамилија на фитохемикалии кои им ја даваат силната боја на растенијата и плодовите во есен. Тие нудат голема заштита од влијанието на слободните радикали. Растенијата целиот свој животен век го поминуваат изложени на сонцето , имајќи ја оваа информација во предвид , каротеноидите заедно со антиоксидансите на телото можат да му пружат можна заштита.

Светло обоените овошја и зеленчуци како тиква, слатките компири, доматите содржат каротеноиди. Како што каротеноидите го заштитуваат растението, тие го заштитуваат вашето тело. Најзастапени во човековото тело се:  alpha-carotene, beta-carotene, beta-cryptoxanthin, lutein, zeaxanthin, и  lycopen.

Screenshot_1

Првите 3 каротеноиди можат да бидат конвертирани во витамин А, а целата фамилија на каротеноиди нуди бројни бенефиции врз целокупното здравје. Со консумација на храна богата со каротеноиди или со консумација на суплементи кои содржат каротеноиди вие ги зголемувате нивоата на фитохемикалии во вашата крв и ткива, кои воедно ве заштитуваат од многу дегенеративни болести како срцева болест, канцер, дијабетис, катаракта, мускуларна дегенерација, артритис, кожни болести и др.

Еве и еден интересен факт за сите гурмани: научниците откриле дека со консумацијата на пица се намалува појавата на ракот на простата. Тука сигурно не станува збор за бенефиции од куленот или моцарелата туку поради доматниот сос. Доматниот сос содржи каротеноиди и треба да го консумирате почесто- нормално доколку е без конзерванси.

Проверете и

10 неочекувани причини да пиете повеќе вода

Со празниците зад нас и здравите навики во нашите умови, многумина се уште тагуваат за ...