Почетна / Совети за здравје / Што ни кажуваат ноктите?

Што ни кажуваат ноктите?

Изгледот на ноктите не претставува само естетика туку е показател и на здравјето. Чудната боја, обликот или кршливоста на ноктите можат да бидат показатели на бројни заболувања.

Ноктите се дел од нашата кожа кои не содржат крв, а составени се од протеин наречен кератин. Кога нагло ќе ја променат бојата или станат исклучително суви и кршливи, тоа треба да го сватиме како предупредување за некој здравствен проблем. Нормалната боја на ноктите е светлорозева, иако кај некои луѓе може да биде и потемна. се додека таа боја не почне да преминува во бела, жолта, темноплава и зеленкаста нема простор за грижа, велат лекарите. Во спротивно, се советува за задолжителен преглед.

– Пред се, преку ноктите, како и преку косата, може да се утврди недостатокот на витамин Д. Во овој случај тие имаат бели линии или стануваат изразито суви и испукани. Белите точки исто така укажуваат на недостаток на железо или цинк. Во комбинација со жолта боја може да значи знак за некаква инфекција.

Ако инфекцијата се влоши, лежиштето на ноктите  може да се помести. Тогаш е крајно време за помош и обраќање кај лекар. Освен габични инфекции, жолтите нокти во некои случаеви може да значат и заболување на тироидната жлезда, плуќата, дијабетес или псоријаза. Ако во ноктите ви се пожолти подолго време  направете ги овие анализи.

– Плавите нокти покажуваат недостаток на кислород, срцева или или инфекција на плуќата.

Бојата не е единствениот симптом за болест. Заноктиците често се знак за некој имунолошки проблем или заболување како лупус или ревматичен артритис. Озбилни заболувања на нокти се често проследени и со други симптоми.

Што е потребно да внесувате за здрави нокти

– доволно протеини преку житарки, мешунки, ореви, семенки и овес
– Витамини преку овошје и зеленчук
-минерали преку брокула, риба и лук
– пијте многу вода

Промена на боја

Бели нокти – недостаток на железо или цинк
Жолти нокти – габични инфекции, дијабетес, псоријаза и заболување на плуќата
Плави нокти – недостаток на кислород, срцева инфекција
Кршиви нокти – недостаток на витамин Д
Суви нокти – недостаток на витамин B12

Проверете и

Храна која ќе ви помогне подобро да спиете

Храната е лек доколку се консумира умерено и во вистинско време се консумираат соодветни намирници. ...