Почетна / Совети за здравје / Што ни е потребно за да бидеме среќни?

Што ни е потребно за да бидеме среќни?

Дали среќата како што одамна кажал Aристотел е целокупната смисла на човековото постоење?

Луѓето не само што потрагата по среќа ја поставуваат како една од најголемите цели за остварување во животот, но среќата исто така има свои позитивни ефекти врз целото општество. Среќните луѓе успеваат да го направат светот подобро место за живеење преку нивната желба и оптимизам, позитивна енергија, оригиналност и алтруизам.

Желбата и потрагата по нештата кои не прават среќни не е себичен акт, туку цел која нашиот живот ќе го обликува со својата смисла и вредност со самото тоа што ќе успееме да предизвикаме позитивен импакт врз животите на другите.

Што ни е потребно за да бидеме среќни?

Колку висината на месечните примања може да направи разлика во степенот на чувството на среќа и исполнетост во секојдневието кај луѓето?
Од бројните истражувања на оваа тематика добиени се заклучоци дека повисокиот приход може да направи значајна разлика и чувство на среќа кај лицата чии основни потреби не се доволно исполнети. Меѓутоа кај лицата со средни и високи месечни приходи на долг рок, среќата не се поврзува ниту зголемува правопропорционално со нивото на зголемени приходи.

Од ова се повеќе се добива впечатокот дека нашите материјални желби се зголемуваат со нашите потреби, со други зборови кажано: колку повеќе имаме, толку повеќе сакаме и ни е потребно.

Доколку паррите не се одговорот, тогаш кој е клучот за среќа?
Во основа постојат 3 клучни психолошки потреби за градење и одржување на чувството на среќа и чувство на добросостојба.

Автономија- таа е слободата и силата која прави да се чувствуваме живи. Со неа ние сме свесни дека сме креатори на сопствената иднина и дека животот е платно на кое можеме да сликаме во правецот во кој сакаме. Лицата кои се автори на сопствената животна приказна се најсреќни.

Способност- за да бидеме среќни потребно е да се чувствуваме да веруваме во нашата способност за да постигнеме се она што сме замислиле. Оваа способност дава самодоверба, мотивација, поврзана е со емоциите, желбата за учење и надградување и надминување на пречките. Колку покомпетентни се чувствувате –толку посреќни ќе се чувствувате.

Поврзаност- за да бидеме среќни потребно е да имаме значајни врски во животот.
Човекот е социјално суштество кое најсреќно е кога е во контакт со другите. Колку повеќе ја чувствуваме поддршката на другите, толку позгрижено и побезбедно се чувствуваме. Иако луѓето имаат потреба за способност да развиваат уникатна индивидуалност, социјалните врски се клучен дел и потреба за припаѓање во нешто поголемо од самите себе, нашите врски, нашето семејство, нашата заедница….

‘’ Ние сме како острови во морето, раздалечени на површина но конектирани во својата длабочина ’’.

Извор:psychcentral.com

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...