Почетна / Диети / Што е Perricone диета?

Што е Perricone диета?

Дали сте и Вие една од оние личности кои веќе долго време размислува за диета? Постојат многу диети така да не е проблем да се одлучите за една од нив, баш како Perricone диетаta. Таа не гарантира губење на килограми, туку се темели на храна поради која ќе изгледате помлади

Печен лосос

Како една од најважните намирници се смета лососот. Се работи за риба која е богата со омега 3 масни киселини кои се неопходни за убава кожа, регулирање на тежината и одлично расположение. Освен лососот се препорачува и лукот кој го чисти џигерот од токсини.

Не треба ни да се заборави јачменот кој можете да го користите во супите, за подготовка на утринскиот појадок и како замена гриз. Јачменот е одличен затоа што обилува со аминокиселини, протеини и придонесува за стабилизација на шеќерот во крвта и го регулира зголемениот притисок.

Нема да згрешите доколку испробате различни видови на грав. Гравот и леќата се важни бидејќи помагаат во намалување на холестеролот, обилуваат со антиоксиданси, калиум и фолна киселина.

Следните намирници на кои треба да се концентрирате се јаткастите плодови. Баш како и рибата така и тие се богати со омега 3 масни киселини кои имаат позитивно влијание на срцето. Почастете се секој ден со ореви и семки кои обилуваат со Ц витамин и така допринесуваат за зајакнување на имунитетот.

На листата на производи кои би требало да ги консумирате се наоѓа и  брокулата, печурките, черешните, маслинките, босилокот, ѓумбирот и природната изворска вода. Никако не би требало да консумирате лиснато тесто, телешко месо, овошен сок, закиселен зеленчук, пица, тестенини, шеќер, тврдо сирење и компир.

Периконе диета може да трае три дена.

1. ДЕН

За утрински појадок изедете парче лосос со маслиново масло зачинето со сок од лимон, со едно парче ржан леб и една шолја чај без шеќер.

Ручекот е време за зелена, црвена, портокалова и лилава салата. За мешана салата од варени јајца, две сардини, пет маслинки и малку мешунки зачинети со оригано, маслиново масло и мајчина душичка.

Никогаш не го пропуштајте меѓу оброкот, а во тој дел од денот можете да изедете помало парче печено пилешко месо или месо од мисирка зачинето со малку маслиново масло. Тука се уште две коцки чоколадо и сезонското овошје.

Навечер изедете печен лосос зачинет само со кора од лимон, морков, салата од млад спанаќ и со мали парчиња од круша.

2. ДЕН

Нека утринскиот појадок Ви биде ист како и ден по тоа. За ручек почестете се со печен лосос, варени мешунки или со салата од сезонското овошје. Можете да изберете помеѓу тоа или мал сад со ориз зачинет со маслиново масло.

За меѓу оброк изедете само две коцки чоколадо која има 80% какао и едно јаболко. Вечерата е време за мали парчиња лосос кој е мариниран во сок од лимон со додаток на рузмарин. Лососот можете да го запечете во тава и да го измешате со зеленчук. Не заборавајте на една шолја зелен чај без шеќер.

3. ДЕН

Утринскиот појадок е ист како претходниот ден. Ручекот е малку поинаков, а можете да изедете и туна во комбинација со кромид и домат кои се печени во рерна со мешана салата. Две мали коцки чоколадо се за меѓу оброк или авокадо зачинет со малку масло.

Навечер изедете сезонско овошје кое ќе го исечкате и измешате со сок од лимон, малку сезам семки, брокула која е варена на пареа зачинета со масло.

Следете ги упатствата на Perricone диетата и ќе се чувствувате подобро во Вашето тело. Не заборавајте пред тоа да се консултирате со Вашиот доктор за да бидете сигурни дека ваквиот начин на исхрана нема негативно да влијае на Вашето здравје.

Проверете и

Храна која ќе ви помогне подобро да спиете

Храната е лек доколку се консумира умерено и во вистинско време се консумираат соодветни намирници. ...