Почетна / Диети / Што е детокс диета?

Што е детокс диета?

Чистењето или детоксикација на организмот може да се изврши на неколку начини, а меѓу се повеќе популарни е детокс диета. Се работи за посебен режим на исхрана која се потпира на внесување на одреден вид на храна со помош на која од организмот се исфрлуваат сите штетни состојки.

Чистење на организмот е потребно поради здравјето и поради подобро функционирање на организмот. Тоа може да се направи со помош на третмани како што се одење во сауна, со помош на билните чаеви и детокс диета.

Детокс диета е одличен начин да го победите уморот, раздразливоста и недостигот на енергија. Проблеми со кожата и ноктите еден е од показателите благодарение на кои можете да знаете дека е време за чистење на организмот и исфрлување на сите штетни состојки кои се имаат насобрано поради нездрав начин на исхрана.

Стручњаците се сложуваат дека позитивните ефекти на детоксикацијата можат да се почувствуваат веќе по неколку дена. Започнете чистење со сменувањето на прехранбените навики, а најдобар начин е детокс диета.

Секоја промена на подобро е добро дојдена, па затоа е важно да се потрудите и од својата исхрана да исфрлите сите нездрави грицки, сувомеснати производи, секој вид на храна која во себе содржи адитиви, благи, конзервирани и замрзнати производи.

Избегнувајте го маргаринот, црвеното месо, колбасите, мајонезот, киселата павлака и сите нездрави навики како што е пушењето и претерано консумирање на алкохол. Важно е да го намалете внесувањето на солта и заборавете на постоењето на белиот шеќер и производи од белото брашно.

Потрудете се да организирајте мени кој ќе го збогатите со супи од зеленчук, свежо овошје и риба. Поделете си го денот на неколку оброци и секој од нив исполнете со разновидна и здрава храна како што е зелена салата или варено бело месо.

Не заборавајте да пиете многу вода, а освен тоа и напивки кои сами ќе ги направите. Нека дел од Вашите навики бидат свежо цедени сокови, чаеви од нане, камилица и зелен чај. Прехраната збогатете ја со храната која во себе содржат витамин А, витамин Е и витамин Ц.

Проверете и

Храна која ќе ви помогне подобро да спиете

Храната е лек доколку се консумира умерено и во вистинско време се консумираат соодветни намирници. ...