Почетна / Совети за здравје / Што е бромелаин?

Што е бромелаин?

Бромелаин е еден од најпознатите биоактивни ензими и е предмет на постојани истражувања низ целиот свет.

Бромелаин е протеин присутен во стеблото и сокот од ананас. Овој природен ензим и припаѓа на групата на протеолитички ензими. Протеолитичките ензими главно се користат од страна на луѓе кои страдаат од синдром на малапсорпција, синдром на недоволна апсорпција на едноставните хранливи материи од храната (амино киселини, масти, витамини или едноставни шеќери) во цревата. Бромелаинот ја помага дигестијата (варењето) на внесената храна, го стимулира разградувањето на протеините и ја подобрува апсорпцијата на хранливите материи од храната. Се смета дека бромелаинот е биолошки најактивен од сите дигестивни ензими, и за разлика од други дигестивни ензими лесно и во големи количини се апсорбира во организмот. Како силен анти-воспалителен агент, бромелаин драматично го намалува постоперативниот оток, помага при третманот и опоравувањето од мали повреди, особено изметување (исчашување) и деформации, повреди на мускулите и значително ја намалува болката и чувствителноста кои ги придружуваат спортските повреди.

Бромелаинот се добива од стеблото и сокот на ананасот.
Зошто консумирањето на ананас има здравствени придобивки?

Ананасот е тропска билка отпорна на суша и содржи природни состојки кои се потребни за здравјеto на организмот. Дрвото на ананасот расти помеѓу 1,5 и 2,5 метри во висина и дава плодови чија внатрешност е сочна, а надворешноста е прекриена со лушпи и изгледаат дека е тешко да се отвори. Некои од значајните здравствени користи на ананасот произлегуваат од присуството на ензимот кој се вика бромелаин.

Ананасот е богат со минерали, витамини и со некои малку познати микронутриенти. Најновите студии покажуваат дека ананасот содржи и антиканцерогени материи.

Одличен е за лекувањето на воспалениjа, стомачни тегоби, затоа што содржи бромелаин, ензим кој помага при варењето, ја намалува надуеноста. Бромелаинот е пронајден само во свежиот ананас а знаеме дека се користи во облик на додатоци како би се намалилe воспаленијата по операциите, како и за лекувањето на проблемот со носот и синусите. Исто така ја олеснува болката кај остеоартритисот.

Ананасот е одличен и против таложењето на масните наслаги, ги штити клетките од деструктивните атоми познати како слободни радикали, што значи дека помага во обновувањето на оштетените клетки. Ово тропско овошје може да го спречи создавањето на крвните згрутчувања. Стручњаците истакнуваат дека е добар за коските, затоа што има манган. Содржи и бета каротин кој го чува видот.

Шолја ананас има само 80 калории.

Кога го купувате плодот може да биде зрел дури и ако кората е зелена. Затоа чукнете го со прстите и ако звукот е шуплив тоа значи дека меснатиот дел не е вкусен. Ананасот кој има звук како да е полн со вода тогаш е сочен и благ.За што е корисен Бромелаинот?
Се смета дека бромелаинот е биолошки најактивен од сите дигестивни ензими, и за разлика од други дигестивни ензими лесно и во големи количини се апсорбира во организмот.
1) Заштита на дишните патишта
Докажано e делотворeн при појава на респираторни проблеми, ублажување на хроничен бронхит, алергии кои ги напаѓаат дишните патишта и воспаление на синусите.
Бромелаинот ја намалува густината на слузта, го подобрува дишењето и ја намалува кашлицата.
2) Дигестивни нарушувања
Лошото варење на храната доведува до појава на алегии, анемии и нарушување на имуниот систем. Бромелаинот го олеснува варењето и разградувањето на храната, го намалува чувството на подуеност и зголемена киселост во стомакот (спречува појава на чир), чести гасови и болки во стомакот и помага во оптимална апсорбција на хранливите материи.
3) Алергии и астма
Бромелаинот ја намалува алергиската сензибилност и го намалува развојот на алергиски болести на дишните патишта. Всушност бромелаинот помага да се модулира целиот имунолошки систем и да се спречат алергии со решавање на коренот – хиперактивен, пре-чувствителен имунолошкиот систем.
4) Рак
Анти-канцер активноста на бромелаинот се состои во директно влијание врз клетките на ракот и нивната микро-средина, како и во модулацијата на имунолошкиот, воспалителниот и хемостатскиот систем. Бромелаинот дејствува системски и влијае на повеќе клеточни и молекуларни цели, особено при третман против рак на белите дробови.
5) Побрзо закрепнување од операцијата и повреди
Повеќето пациенти после операција чувствуваат значајна постоперативна болка и оток. Анти-воспалителните својства на бромелаинот се природна замена и се постигнува значително пониска пост-оперативна болка, оток и црвенило. Ја подобрува циркулацијата, спречува настанување на тромб.
6) Болки во зглобовите
Поради неговите моќни анти-воспалителни и аналгетски својства, бромелаинот е фантастичен за акутни или хронични болки во зглобовите и грбот.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...