Почетна / Совети за здравје / Што да јадете за здрава и убава кожа ова лето?

Што да јадете за здрава и убава кожа ова лето?

Сончевите зраци и штетното УВ зрачење во лето но и во зима без соодветнаа заштита на кожата имаат голема улога во нејзиното стареење и појава на брчки.
Здравата исхрана има свои бенефити не само врз организмот одвнатре туку и однадвор.

Кои намирници се добри за здрава, хидрирана и убава кожа ова лето?

domat
Домати

Ликопенот – состојката која на доматите, грејпфрутот и лубеницата им ја дава црвената боја е состојката која доста влијае врз заштитата на кожата од сончевата изложеност. Со консумацијата на храна богата со ликопен за само три седмици можете да го подобрите изгледот на вашата кожа.

krastavica
Краставици
Краставицата ја храни кожата  преку незина хидратација преку консумација на краставици почесто настанува збогатување на телото со витамин Ц кој има големо влијание врз заштитата на телото од сончевото влијание. Краставиците долговреме користени се во Ayurveda- индиската медицина за лекување на сончаница и други иритации настанати од влијанието на сонцето.

Краставицата корисна е и како храна но одлична е и за правење на домашни хидратантни маски. Незиното влијание може да се согледа и по фактот дека многу производи за хидратација содржат краставица како една од главните состојки.

lubenica
Лубеница
Лубеницата е одлична за хидратација заттоа што како и доматите содржи ликопен состојка која помага во подобрување на изгледот на кожата. Ликопенот најдобро се апсорбира во телото кога се комбинира со масти па затоа кога јадете лубеница јадете ја со сирење или комбинирајте ја и по неа јадете  некоја салата во која има маслиново масло за да ги искоритите максимално бенефитите.
lede

Леден чај

Ледениот чај е коктел од полифеноли -состојки кои освен другите ненефити ја заштитуваат кожата од моќното влијание на штетните УВ зраци. За дополнителна хидратација во својот чај додадете ливчиња мента и лимон.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...