Почетна / Фитнес и аеробик / Што да јадете пред и после тренингот?

Што да јадете пред и после тренингот?

Активните жени требало би да јадат грицки во распон од 100 до 200 калории, а активниот мажи сепак малку повеќе. Доколку сте активни, кога вежбате потребно е да внимавате и на исхраната. Која е таа храна која се препорачува за грицкање пред и по тренингот ?

Овошје и зеленчук

Свежото овошје му дава на организмот брза доза на енергија. Овошје, како што е ананас, портокал и киви е полно с витамин Ц кој и е потребен на зглобовите и на врзивното ткиво. Неколку часа пред вежбањето направете салата од овошје со јогурт и додадете ги јатките  (ореви, лешници, бадеми, кикиритки).

Свежа салата

Обичната салата е супер оброк. На пример, една чаша грашок околу 35 калории, а одличен е извор на магнезиум кој помага во изградба на мускули и зајакнување на коските. Направете салата од свеж зеленчук, а како замена за калциум на врвот ставете малку пармезан

Јајца

Едно јајце има околу 72 калории, 1.6 грама заситени масти, лутеин и витамин А и Б12. Голем дел од хранливите материи се наогаат во жолчката, па затоа јадете ја и белката и жолчката за да ги искористете сите корисни материи.

Чорба од домат

Лесна и свежа чорба од домати можете да ја јадете ладна или топла, не само како пред јадење туку и како меѓу оброк. Доматот е добар извор на влакна, витамини А и Ц и калиум кој се наоѓа во спортските напивки затоа што му помагаат на организмот да ја одржи рамнотежата на течностите и делува како заштита од грчеви.

Пред тренингот не би требало да внесувате масти, затоа што тие бавно се варат. Потрудете се да се ограничите на околу 15 грама масти во оброкот пред тренингот. Меѓутоа, корисно е да знаете да есенцијалните масти го поткреваат и одржуваат нивото на тестостеронот – клучниот хормон за изградба на мускулите. Овие масти можете да ги внесувате со консумирање на туна, јајца и пилешко месо.

Проверете и

Што треба да се јаде пред и после вежбање

Доколку внимаваме на тежината и оджување на витката линија, некогаш исклучивото практикување на редовна физичка ...