Почетна / Совети за здравје / Што би требало да јадете од сат во сат во текот на денот?

Што би требало да јадете од сат во сат во текот на денот?

Не е важно само што јдете, туку и кога го јадете. Храната што ја јадеме влијае на нашето расположение и ниво на енергија, како и на нашиот сон. Значи, кога сакате да бидете концентрирани, треба да јадете една храна, а кога сакате да спиете – друга. Еве кога што да јадете.

7 наутро – најадете се

Ако сте гладни штом се разбудите, тоа е знак дека вашиот метаболизам е добар. А ако доручкувате, ќе бидете поздрави. Јадете во период од еден час после станување.Но, потрудете се тоа да бидат протеини, јаглехидрати и масти за да ве заситат. Јадете овесна каша со путер од кикиритки или некое овошје или тост со сирење и домат.

9 наутро – концентрирајте се на работата

Кафето ќе ве одржува будни и концентрирани, само немојте да претерувате – препорачливи се три шолји кафе во текот на целиот ден. Ако не сакате кафе, испијте зелен чај. Неговите антиоксиданти ќе поттикнат производство на мозочни ќелии и ќе ја бодобрат меморијата и способноста за учење.

11 наутро -цел: избегнувајте слатки

Сосема е нормално да осетите глад после три -четири часа, дури и ако сте се најале наутро. Наместо да изедете некои колачи и да го залажете гладот, изедете кисело млеко зошто содржи протеини и ќе го залажи гладот.

 

1 после пладне – цел: ослободете се од стресот за време на ручек 

Ако сте се изнервирале на работното место, јадете салата од спанаќ и тиквички па одете на пауза за ручек. Овој зеленчук ви обезбедува витамин Б6, кој помага во создавање на невротрансмитерите кои се одговорни за контролирање на однесувањето.

5 попладне -цел: полнење на батерии за вежбање

Ако веднаш после работа одите во теретана или вежбате дома, наполнете ги батериите пред тоа. Внесете јагленохидрати, за да имате енергија, а нема да го вознемират вашиот стомак. Јогуртот и овошјето се совршени за тоа.

7 навечер – цел: лесна вечера

Со вечерата јадете лути пиперки кои ќе ве загреат и ќе го забрзаат вашиот метаболизам, а ќе го контролираат и апетитот. Во вечерата ставете повеќе зачини. Јадењето со помалку масти повеќе годи. Зачините допринесуваат за вкусот, а не се калорични. Кога ќе можете секогаш во храната додавајте си пиперка, оригано и лук.

10 навечер – време за спиење

Ако имате проблем со сонот, прво размислете дали сте гладни. Изедете нешто што содржи јаглени хидрати, зошто тие го поттикнуваат триптофанот, аминокиселина која влијае врз спиењето. Телото користи триптофан  кој на мозокот му пушта сигнали дека треба да спие.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...