Почетна / Рецепти / Шпагети во доматен сос

Шпагети во доматен сос

Денес Ви преставуваме основен рецепт за шпагети во доматен сос, ќе видете дека Ви се потребни само неколку состојќи и малку време за подготовка.

Овој е рецепт е за сите оние кои ги сакаат шпагетите, сакаат едноставна, здрава и брза храна.

Потребни состојќи: 500 грама шпагети, 200 милилитри доматен сос, 2 помали домати, 2 чешниња лук, 3 лажици маслиново масло, неколку ливчиња босилек, пармезан за наросување.

https://www.facebook.com/kim.negotino/

Постапка за подготвување: Ставете ја водата за шпагетите да зоврие. Потоа додадете ги шпагетите во зовриена вода во која е додадена една лажица сол и варете ги според упатството на паковката. Подгответе ги доматите, отстранете им ја лушпата и семките. Ставете маслиново масло во тавата и пред да ја вклучите ринглата, додадете ситно исечкан лук. Пржете на лук на средна температура кратко време. Кога ќе почне да мириса, додадете ги исечканите домати и доматен сос. Мешајте, додадете малку сол и поклопете со капак. Бидете во близина и мешајте го сосот на секои две минути. Кога ќе нестане водата која ја испуштил доматот, мешајте уште 5 минути, додадете црна пипер, свеж босилек и исклучете го огнот. Тогаш и шпагетите ќе бидат готови. Процедете ги шпагетите, ставете ги во подготвен сад и прелејте ги со доматниот сос и наросете со пармезан. Добар апетит!

 

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...