Почетна / Совети за здравје / Шолја млеко, па на спиење

Шолја млеко, па на спиење

Имате проблеми да заспиете? Сетете се што вечеравте, бидејќи тешката храна е најголем непријател на мирниот сон.

НЕПРИЈАТЕЛИТЕ НА СОНОТ

Сувомеснато и чадено месо

Избегнувајте ги сендвичите во доцните вечерни часови. Сланина, колбаси и чаденото месо содржат висок ниво на аминокиселина тирамин, а таа го поттикнува мозокот да го ослободува норепинерфин, мозочен стимуланс кои не држи будни и помалку нервозни.

Чоколадо

Бидете внимателни со чоколадото во било кој облик. Голем број луѓе се многу осетливи на кофеин, па дури и најмало количество на чоколадо во сладоледот може им смета. Чоколадото исто така содржи тирозин, стимулативна аминокиселина.

Енергетски напитоци

Енергетските напитоци содржат висок ниво на кофеин, како и аминокиселина таурин, која ја зголемува напнатоста и лачење на адреналин. Најновите истражувања покажаа дека консумирањето на енергетски напиток во текот на денот предизвикува немирен сон.

Кечап

Чили, пица и зачинети јадења го отежнуваат варењето, а со самото тоа и сонот. Кисели и зачинети јадења предизвикуваат зголемено лачење на киселини во желудникот, и други симптоми кои го нарушуваат сонот.

Алкохол

Чашка две пред заминување  в кревет ќе Ве релаксира, но ќе ви се одмаздат неколку часа покасно бидејќи ќе го прекинат длабокиот сон. Алкохол предизвикува дехидрација и тера на мокрење, поради што често ќе се разбудувате

ПРИЈАТЕЛИТЕ НА СОНОТ

Банани

Калиум и магнезиум се природни средства за опуштање на мускулите, а банани се богат извор и на калиум и на магнезиум. Бананите содржат и аминокиселини Л – триптофан, која се во мозокот преминува во 5 – ХТП. Овој покасно преминува во сератонит и мелатонин.

Тост, макарони, шпагети

Храна богата со јаглени хидрати го подобруваат лачењето на инсулин кој предизвикува заспаност

Каша од овес, снегулки

Предизвикуваат и лачење на инсулин, го зголемуваат природното ниво на шеќер во крвта и не прави поспани. Овесот е богат извор на мелатонин кои голем број на луѓе користат како средство за спиење.

Топло млеко

Овој напиток содржи аминокиселина Л – триптофан која преминува во 5 – ХТП и го ослободува релаксантот сератонин. Исто така е богато со калциум кој помага за побрзо спиење

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...