Почетна / Здравје и исхрана / Шипка – ризница на витамин Ц

Шипка – ризница на витамин Ц

Шипката од секогаш се смета за едена од најдрагоцени билки затоа што содржи големо количество на витамини, минерали, органски киселини и други биолошки активни материи. Почесното место на врвот на лековитоста шипка има добиено поради незините благотворни дејства врз организмот. Голем број на истражувања покажаа да помага во зајакнување на природниот одбранбен систем од алцхајмерова болест која е карактеристична за постарата популација.

Шипката поседува состојки кои го забавуваат стареењето, па често се користи како храна и пијалок. Интересно е да чајот од шипка има три пати појака антиоксидативна моќ од црното вино и зелен чај. Поради големото количество на витамин Ц, топлиот напиток од црвените плодови се препорачува на мајките во период на доење, затоа што бебето со млекото се снабдува со драгоцениот витамин и во исто време автоматски им се зајакнува имунитетот.

За шампионски имунитет

Две лажици од мешавината од 25 грама шипка, 25 грама цвет од липа, 15 грама цвет од боз и 15 грама кора од портокал да се истури во половина литар зовриена вода. Оставете 10 минути, а потоа процедете. Пијте го чајот додека е топол.

Шуруп за бронхии

Пола килограм шипки да се попари во сад од емајл со две литри вода и да се вари на тивок оган уште десетина минути. Не треба да врие. Сварената шипка лесно да се измиксира додека не се добие компактна маса. Да се пие една до две супени лажици од шурупот онолку често колку е потребно да се смират бронхиите и спречи кашлањето.

Зајакнување на срцевиот мускул

Една супена лажица шипка во прав да се прелие со половина литри студена вода и да се вари десет минути. Процедете го чајот и оставете го да се олади потоа додадете една супена лажица. Земајте по 50 до 100 милилитри, два до три пати дневно на половина час пред јадење.

Против сувата кашлица

Една лажица плод од шипка, сув или добро истолчен, да се прелие со два децилитри зовриена вода и да се додаде жолт шеќер. Се пие три пати на ден пред јадење, се додека кашлицата не помини.

Напиток за расположение

Сварете лажица од плодот шипка, лажица цвет од камилица и додадете сок од пола лимон и мед. Се пие повеќе пати во текот на денот.

Подобрете го апетитот

Прелијте две лажици од мешавината од 25 грама шипка, 20 грама кора од портокал  во два литри топла вода. Поклопете и оставете да поседи пет минути, исцедете и пијте по една шолја чај без шеќер 30 минути пред јадење

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...