Почетна / Совети за здравје / ШЕЌЕРОТ Е ОДГОВОРЕН ЗА СТАРЕЕЊЕТО НА КОЖАТА – ИСФРЛЕТЕ ГО!

ШЕЌЕРОТ Е ОДГОВОРЕН ЗА СТАРЕЕЊЕТО НА КОЖАТА – ИСФРЛЕТЕ ГО!

Дали знаевте дека токму шеќерот е одговорен за брчките и стареењето на кожата? Ова е една од причините да направите детокс и да го исчистете тело од токсини. Секоја година жените во целиот свет трошат милиони на скапа козметика. Но доколку телото Ви е преполно со шеќер, бесцелно ги фрлате парите, и ниту една крема нема да Ви помогне.

Британските дерматолози забележале дека голем број на жени кои доаѓаат на третмани за лице немаат класични симптоми на оштетена кожа поради сонцето, а сепак лицето им е преполно со брчки и кожата не им е еластична. Кога биле прашани за прехрамбените навики, одговорот секогаш бил ист – храна со малку квалитетни состојки и многу шеќер.
Научниците утврдиле дека шеќерот е поврзан со стареењето на кожата поради хемиските процеси кои се одвиваат кога нивото на шеќерот во крвта стане премногу висок. Молекулите на шеќер тогаш циркулираат во крвта и се претвораат во главни виновници кои се одговорни за стареење. Сето ова заедно го забрзува природниот процес на стареење, па затоа промената на прехрамбени навики е најдобар пат кон промените.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...