Почетна / Здравје и исхрана / ШАМПИЊОНИ – го подобруваат имунитетот и штитат од карциноми

ШАМПИЊОНИ – го подобруваат имунитетот и штитат од карциноми

Овие популарни и вкусни печурки ги користиме за подготовка на многу јадења, од пица до салати и сосови. Меѓутоа, освен извонредниот вкус, шампињоните ги красат и многубројните хранливи состојки кои позитивно делуваат на нашето здравје. Најновите истражувања покажале дека белите шампињони ја поттикнуваат активноста на клетките во имунолошкиот систем.

Научниците докажале дека шампињоните го поттикнуваат имунолошкиот систем така што го зголемуваат производството на протеините кои се борат со причинителите на болестите. Шампињоните имаат позитивно делување на клетките во имунолошкиот систем кои се класифицирани како дендритични клетки.

Тие можат да произведуваат бели крвни клетки познати како Т клетки кои се пресудни  за силен и здрав имунолошки систем. Дендритичките клетки ги деактивираат и ги уништуваат микроорганизмите како што се бактериите и вирусите или антигените. Дендритички клетки можат да играат важна улога во војната против рак.

Поред тоа научниците утврдиле дека ефектот врз подобрување на имунитетот благодарение на шампињоните е поврзан со нивното количество. Научниците веруваат дека со консумација на само 100 грама шампињони дневно е можно да се стопира растот на туморот на дојка кај жените.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...