Почетна / Здравје и исхрана / Сезонски алергии – јак имунитет и заштита!

Сезонски алергии – јак имунитет и заштита!

Сезонските алергии може да се намалат доколку се направат корекции во исхраната, особено недостатоци на цинк, селен, картеноиди, витамин Ц и витамин Е. Студиите за витамин Ц покажале дека овој витамин во големи дози има ефекти на атнихистаминик но без зголемување на телесната тежина и негативните последици по срцето. Високото ниво на витамин Ц, исто така, ја зголемува енергијата и ја подобрува мускулната сила.

Недостатоците на есенцијални масни киселини омега 3 и омега 6, може да ги влошат алергиските состојби, како и да предизвика сушење на кожата, појава на егзема, или, кај жените, да ги влоши пременструалните синдроми.

Пантенонската киселина (витамин Б5) помага да се формираат надбубрежните хормони кои го одвратуваат стресот и алергиските реакции.

Новите сознанија укажуваат на тоа дека со секој дополнителен милиграм витамин Е внесен во исхраната постои ефект на намалување на алергиите за 5 проценти. Колку се повисоки концентрациите на витамин Е во крвта, толку е пониско нивото на фамилијата антитела наречена IgE, маркер за степенот на алергија во телото. Астмата и бројните заболувања поврзани со алергија поради тоа може да имаат директна корист од сиплементацијата со витамин Е.

Повеќето лекари со децении забележуваат дека луѓето кои страдаат од различни заболувања имаат корист од високи дози на витамин Е. Овие заболувања вклучуваат сезонски алергии, поленска треска, астма, автоимуни болести, како ревматоиден артритис, тироидитис, лупус и многу други видови нарушувања на имунолошкиот систем. Експертите укажуваат на тоа дека IgE и високи нивоа на други антитела се враќаат во нормала со дневни дози од 3200 IU витамин Е, во комбинација со високи дози на есенцијални масни киселини.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...