Почетна / Совети за здравје / Сезонска депресија (сезонско афективно пореметување)

Сезонска депресија (сезонско афективно пореметување)

Дали во зима сте нерасположени повеќе од било кога?
Сезонската депресија преставува пореметување на расположението кое се случува секоја година во исто време.
Редок облик на сезонска депресија е познат како летна депресија започнува кон крајот на пролетта или почетокот на летото и завршува во есен. Во целина , сезонското афективно пореметување започнува во есен или зима а завршува во пролет или рано лето.

Што го предизвикува сезонското афективно пореметување?

Хормоните произведени длабоко во мозокот автоматски предизвикуваат промени во расположението и размислувањето во одреден период од годината. Стручњаците веруваат дека сезонската депресија е поврзана со тие хормонални промени.

Една од теориите поврзани со појавата на сезонско афективно пореметување во зима е намалената изложеност на сонце во текот на есента и зимата доведува до намалено производство на серотонин во мозокот. Серотонинот е неуротрансмитер кој има благотворно и смирувачко дејство предиззвикувајќи чувство на задоволство и среќа. Недоволното присуство на серотонин предизвикува чувство на депресија пропратено со симптоми на умор потреба за внесување на јаглехидрати и дебелење.
Сезонската депресија обично започнува во младо до зрело доба и почеста појава е кај жените отколку кај мажите. Некои луѓе со искуство на сезонска депресија имаат многу благи симптоми и се чувствуваат мрзоволно и раздразливо. Други имаат симптоми кои им сметаат во секојдневните интерперсонални односи и професионалната продуктивност.

Кои се симптомите на сезонското афективно пореметување за време на зима?

  • намалено ниво на енергија
    • отежната концентрација
    • умор
    • зголемен апетит
    • поголема потреба за осаменост
    • поголема потреба за спиење
    • зголемена телесна тежина

Кои се симптомите на сезонското афективно пореметување за време на лето?

  • намален апетит
    • проблеми со спиењето, несоница
    • губење на телесната тежина

Како се дијагностицира сезонското афективно пореметување?

Многу е важно пациентот да не поставува сам дијагнози. Доколку кај вас забележите некој од погоренаведените симптоми консултирајте се со стручно лице со цел правење на темелна проценка на вашата состојба.

Како се лекува сезонското афективно пореметување?

Излегувањето на природна светлина рано наутро е одличен начин на кој можете да се изборите со чувството на сезонска депресија.
Светлосната терапија е исто така еден од начините на кој се започнува терапија за оваа состојба.
Некои истражувачи сезонската депресија ја поврзуваат со природниот мелатонин- хормонот кој предизвикува поспаност. Светлото ја менува количината на мелатонин во човековиот нервен систем и го зголемува нивото на серотонин во мозокот.

Како да ја  спречите повторната појава на сезонското афективно пореметување?

– Пробајте што почесто да излегувате на надворешна светлина
– Консумирајте добро избалансирана храна, витамини и минерали, тоа вам ќе ви помогне да имате повеќе енергија
– Пробајте да вежбате барем 30 минути дневно, три пати неделно,
– Социјализацијата е многу битна, поддршката од најблиските, дружењето, разговорот со пријателите се многу битни посебно во зима

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...