Почетна / Здравје и исхрана / Сенф, омилен зачин и инхалатор од кујна

Сенф, омилен зачин и инхалатор од кујна

Сенф е омилен зачин за љубителите на вкусна храна, но и на оние кои го користат во секојдневниот мени како имунитетот би им бил на повисоко ниво. Се прави од бел синап и во природата постои црн и бел синап, а секој од нив има благотворно дејство на организам.

Лутите етерски масла во составот на сенфот имаат антибактериско дејство, ја поттикнуваат циркулацијата на периферните крвни садови, го затоплуваат телото и го зајакнуваат имунитетот. Поред тоа сенфот се покажал и како одлично помошно средство кај воспаление на синусите и бронхитисот. Брашно од синап се користи за лекување на органите за дишење, полесно воспаление на белите дробови. Лекот се подготвува во видот на облог или купка. Олеснува искашлување и исфрлување на насобраниот секрет во грлото. Новите истражувања покажуваат да синап заштитува од слободните радикали и дека е добра првенствено во борбата против ослободување на различни видови на тумор и канцер.

Хранливите состојки

Витамини – Ц, Б1, Б6, Е, нијацин

Минерали – фосфор, манган, магнезиум, железо, калциум и цинк

Амино киселини – триптофан и омега три масни киселини

Фитонутриент – глуказинолат

Селен

Лековитите својства

Имунитет – ги зајакнува одбранбените сили на организмот, превентивно делува кај создавањето на тумор.

Главата – поттикнува циркулација на крвните садови во главата и помага кај главоболка, ги решава проблемите со несоница, подобрува расположение.

Грлото – ги уништува бактериите во грлото и устата, дезинфикува и помага во борбата против создавање на секрет во грлото.

Дишните органи – го намалува отокот на слузницата во носот и количество на слузта во дишните патишта, помага кај настинката, воспаление на синусите, го олеснува искашлувањето, и го запира силните астматични напади.

Срцето и крвните садови – го намалува крвниот притисок, спречува инфаркт кај луѓето кои боледуваат од артериосклероза или шеќерна болест.

Пробава – помага кај варењето на храна, зголемува количината на плунката која се создава во текот на јадењето, го стопира надуеноста на стомакот, го стимулира апетитот.

Метаболизам – помага кај согорување на мастите, го забрзува метаболизмот, го намалува холестеролот во крвта и намалува негативните ефекти на масната храна.

Екстремитети – забрзува протокот на крвта во долните екстремитети, поттикнува циркулација во нозете, ги намалува симптомите на реуматскиот артритис, намалува болки во зглобовите.

Мускулатура – ја намалува болката во мускулите, стероид хомобрасинолид од сенфот зголемува мускулната маса и големина на мускулните влакна.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...