Почетна / Здравје и исхрана / Семките кои го подобруваат нашето здравје

Семките кои го подобруваат нашето здравје

Семките се доказ дека добрите работи се наоѓаат во молото пакување. Значајот на семките за нашето здравје е одамна познат. Нутриционистите од целиот свет советуваат дека тие треба да бидат задолжителен дел од исхраната. Ви откриваме четири видови на семки кои задолжително би требало да ги вклучите во Вашата исхрана.

Лен – ниско калоричните семки на ленот се богати со протеини, влакна, алфа линоленската киселина (АЛА), омега 3 масни киселини. Се борат против слободните радикали, ја подобруваат пробавата и кардиоваскуларното здравје.

Семките од тиква – одличен се извор на витаминот Е, цинк и манган. Семките на тиквата ги  содржат и ретките антиоксиданси. Една лажица семки од тиква содржат 4,7 милиграми здрави масти (мононезаситени масти кои го намалуваат лошиот и го зголемуваат добриот холестерол). Семките на тиквата го зајакнуваат имунитетот и го регулираат нивото на инсулин.

Сусам – богат е со калциум, магнезиум и бакар. Го зголемуваат нивото на витамин Е во телото, го подобруваат здравјето на срцето и го зајакнуваат имунитетот. Студиите покажале дека сусамот може да го намали и ризикот од мултипле склероза.

Сончоглед – содржи добри масти, односно мононезаситени и полизаситени масти. Богат се извор на витамин Е, па е добар за коските затоа што обилуваат со калциум.

Проверете и

Зошто е корисен AlphaSorb-C од Now Foods?

Зошто е корисен AlphaSorb-C од Now Foods? Има антиоксидативна заштита Брза апсорпција на Витамин Ц ...