Почетна / Совети за здравје / Седум зачини кои го чуваат Вашето здравје

Седум зачини кои го чуваат Вашето здравје

Зачините освен што во целост го менуваат и подобруваат вкусот на храната, тие се големи извори на здравје. Најдобро е кога зачините се консумираат во свежа состојба, но можете да ги користете и во исушена состојба.

Ви преставуваме седум зачини кои се вистински чувари на нашето здравје:    
Магдонос  

Магдоносот е добар за освежување на здивот. Моќен е диуретик, одличен е против инфекциите на уринарниот тракт. Се вклопува во секое јадење, со месо и риба, но секако е незаменлив и потребен како зачин за супи, манџи и чорби.    .

Кромид  

Кромидот е природен диуретик, совршено оди со секое јадење, одлично се согласува со рибата, салатите и чорбите.

Босилек  

Босилекот е добар за варењето на храната. Одличен е додаток во салатите, супите и во тестенините.

Жалфија   

Жалфијата го намалува потењето и го прочистува грлото. Најдобро се согласува со супите, печени јадења и сосови.

Рузмарин

Рузмаринот инаку се смета за природна замена на аспирин, затоа што го смирува нервниот систем и го подобрува варењето на храната. Одлично оди со чорбите, супите и месото.

Копар   

Копар ги смирува гасовите и надуеност на стомакот. Најдобар е за супи, сосови и различни преливи.

Кориандер   

Кориандер е ефикасен против уринарните инфекции и дава одличен вкус на зеленчукот и различните супи.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...