Почетна / Совети за здравје / Седум причини зошто би требало да сварете топла напивка од ѓумбир

Седум причини зошто би требало да сварете топла напивка од ѓумбир

Седум причини зошто би требало да сварете топла напивка од ѓумбир

Испробајте ја ова вкусна и топла напивка која ќе Ве стопли и ќе Ви помогне да и се спротивставите на настинката и на вирусите.

Состојки:

Еден ѓумбир

1 литар вода

неколку лажици мед

1 лимон

Подготовка:

Излупете го ѓумбирот и сечете го на тенки парчиња. Ставете го ѓумбирот во тенџерето и прелејте го со вода, па ставете го ѓумбирот да се вари околу 15 до 20 минути на умерена температура. Потоа тргнете го од огнот и оставете го да поседи уште 5 минути.

Одвојте го ѓумбирот од течноста, во течноста додадете мед и лимон по Ваша желба и пијте дури е топло.

Причините зошто би требало да ја пиете напивката од ѓумбир се:

  1. Го зајакнува телото и имунитетот
  2. Го забрзува закрепнувањето доколку сте болни
  3. Ја намалува мачнината и нервозата во желудникот
  4. Позитивно делува на нервниот систем
  5. Ја поттикнува пробавата и работењето на цревата, па ја намалува надуеноста
  6. Ја поттикнува циркулацијата
  7. Ќе Ве стопли подобро од најдебелото есенско ќебе

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...