Почетна / Активен живот / Седум факти кои треба да ги знаете пред да почнете да учите странски јазик

Седум факти кои треба да ги знаете пред да почнете да учите странски јазик

Долго време сакате да се запишете на курс по странски јазик? Немате доволно време или можеби храброст и решителност? Доколку се двоумите, прочитајте го овој текст. Можеби ќе Ви помогне да разберете што да очекувате, како полесно да се прилагодите на учењето и како да уживате во процесот. Пред да почнете да учите нов јазик, би требало да го знаете следното:

1. Не очекувајте да биде лесно

Учење на нов јазик е процес кој подразбира (доколку сакате да бидете успешни) многу самостојна работа од Ваша страна, многу читање, пишување, конверзација, вежби. Бидете спремни на фактот дека понекогаш ќе се почувствувате исфрустрирано, бидејќи и поред Вашиот труд постојано ќе правите грешки. Исто така, често пати ќе се најдете на потполно непознат терен, што може да предизвика да се чувствувате обесхрабрено. Во такви случаеви не треба да се заборави да токму тој напор, тоа моментално напрегање значи дека сте на добар пат кон напредокот.

Исто така треба да го имате во предвид фактот дека, без предвид колку Ви е тешко на почетокот, влегувате во еден нов степен на образование кое ќе Ви ги прошири хоризонтите и ќе Ви овозможи да комуницирате со светот на еден потполно нов начин.

2. Дефинирајте ги Вашите цели

Не треба да очекувате од Вашиот професор да тоа го направи наместо Вас. Професорот може да Ви даде совет или упатство, но никој не може подобро од Вас да знае што е она што сакате и на што најмногу треба да се работи. Исто така треба да се спомне дека голем број на ученици сметаат дека е доволно само да бидат редовни на некој курс. Меѓутоа, професорот е тука само да Ве води низ градивото. Тој Ви објаснува тоа што треба да го совладате, но Вие сте тие кои треба дома да ја загреат столицата и да повторете она што работевте на часот. Само така ќе постигнете напредок.

Што се однесува до Вашите цели, треба да ги соопштите без премислување на Вашиот професорот, како би можел тој да ја прилагодил наставата за Вас. Доколку, на пример, сакате да совладате јазик колку да можете да комуницирате во секојдневниот живот во новата земја, тогаш е потполно доволно да ги научите само основите. Многу е важно да во таквите ситуации не изгубите драгоцено време и пари учејќи ги јазичните финеси кои не се релевантни за Вас и кои можат потполно да Ве обесхрабрат.

3. Самостојно учење на јазик (без професор) е илузорно

Постојат голем број на програми, книги, CD кои нудат самостојно учење на некој јазик (без професор). Треба да знаете дека јазикот не можете да го научите без пренесување на знаењето, учењето, вежбањето, повратната информација и постојаното обновување. Тоа е основата на учењето на секој јазик. Најголем проблем при самостојното учење е недостиг на мотивација.

4. Што побрзо разберете дека треба постојано да повторувате, тоа подобро

Повторувањето е клучно кај учењето нов јазик. Иако звучи старомодно од тоа не може да се избега. Доколку мислите дека ќе научите, ќе прифатите и дека ќе почнете да употребувате некој нов збор или фраза само затоа што е слушнавте, тогаш сте во заблуда. Нашиот мозок не функционира така. За да информациите од краткотрајното помнење ги префрлите во долгорочното, потреба е вежба и многу повторување.

Како функционира нашиот мозок сликовито? Замислете дека се наоѓате во густа шума. Доколку сакате прв пат да поминете низ шумата, многу ќе се намачите. Треба да ги расчистите гранките, жбуновите и да стигнете некако до излезот. Другиот пат тука е веќе патека. Третиот пат е веќе познатиот пат, а колку има работа до брзиот автопат? Така работат нашите неурони. Препознавање на патот, врската, многу побрзо функционира тогаш кога е вложено многу труд.

Можеби ова метафора не е баш најдобра, но ќе Ви помогне да разберете колку повторувањето е неопходно.

5. Малите ῎порции῎ на секојдневното учење ќе направи чудо

Можеби и тука е интересно да се направи аналогија, како на пример со теретана или вежбањето. Многу е поефикасно да се вежба 20 минути секојдневно отколку еднаш во неделата 90 минути, или сетете се кога одевте на училиште. Колку беше полесно да се научи само една лекција во однос на подготовката за контролна или писмена работа.

Затоа е битно да секојдневно работите по малку, колку што можете. Затоа што ќе почнете полека да се откажувате доколку Ви се насобери премногу информации кои треба да ги совладате. Голем број на ученици почнуваат да се плашат од следниот час бидејќи не се подготвени и повеќе не можат да го следат текот на предавањето и почнуваат да отсуствуваат од часовите, за да на крајот престануваат со одењето на курсот. Затоа искористете го максимално Вашето време во текот на денот, прелистајте ја тетратката, направете барем едно вежбање, слушајте музика или Cd додека се возите во колата, гледајте го филмот без превод.

6.Направете да Ви биде забавно и пријатно, но и наградете се себеси

Доколку поминуваме повеќе часа во некој процес, тогаш тоа нека биде забавно. Не во смисла како на пример, кога гледате комедија, туку во смисла да чувствувате задоволство исто како да сте потполно посветени на некоја омилена активност. Тоа посебно можете да си го направите на самиот себеси во миговите кога самостојно учите во Вашиот дом. Тогаш ќе можете да се фокусирате на деловите кои Ви причинуваат задоволство, кои Ве мотивираат и стимулираат.

Наградата при учењето на нов јазик е да го искористете знаењето кое го стекнавте и да се чувствувате привилегирано поради тоа. На пример, придружете се на некоја chat  група на интернет и бидете поносни на себе си затоа што можете на другиот јазик да го искажете она што го мислите. Поентата е во тоа да самите создавате ситуација во која ќе се чувствувате исполнето и добро.

7. Нема повеќе да го гледате светот со истите очи

Кога вложувате голем труд и напор, и после многу читање, пишување, повторување најпосле зборуваме течно, ќе чувствувате големо задоволство поради Вашата напорна работа кои ја вложивте.  Големиот Јапонски писател Харуки Мураками кажува дека знаењето на нов јазик Ви дава пасош на Вашата душа да непречено патува надвор од националните граници. Ќе Ви се отворат нови перспективи на други култури, поднебја, ќе ве поврзи со луѓето кои никогаш порано ги немате запознаено. Со еден збор, ќе се создадат многу нови можности кои ќе го збогатат Вашиот живот.

Проверете и

Жито Маркети е нов Трговски Партнер на Lyoness во Македонија

Успешниот македонски ланец Жито Маркети стана нов Cashback Card партнер на интернационалната Куповна Заедница Lyoness. ...