Почетна / Совети за здравје / Се што треба за знаете за рак на дојка, знаци, фази и етапи од откривањето

Се што треба за знаете за рак на дојка, знаци, фази и етапи од откривањето

Октомври е месец кој го оддбележува еден од најголемите предизвици на медицината – ракот на дојката.
Една од 8 жени во текот на својот живот е можно да ја добие оваа потенцијално смртоносна болест.
5-10% од случаите на рак на дојка се наследни (тип BRCA 1,2) доколку во семјството сте имале случај на рак на дојка шансите за и вие да го добиете се 40-80%. Покрај наследниот фактор врз појавата на оваа болест влијаат и други фактори како: возраста, репродуктивната и ментруалната историја, орална контрацепција, хормонални промени, дебелина, алкохол и радијација.
Ракот на дојка доколку е порано детектиран може и да се излечи, фазата на негово дтектирање е клучна и за неговото остранување (Погледнете на слика 1)
kancer

Фази на рак на дојка:

Кога на едно лице ќе му се детерминира мелиген тумор или дијагностицира рак на дојка, потребно е да се детектира колку долго се развивал процесот/болеста во телото. Детерминирањето на ракот на дојка е круцијално. Фазата се детерминира во согласност со следните фактори:

  • големината на туморот во рамките на градите
  • бројот на афектирани лимфни јазли
  • најблискикте лимфни јазли се наоѓаат под пазувите
  • знаци кои се индиктари дали ракот зафатил и други органи во телото

*Доколку ракот се раширил или метастазирал, неговата појава може да се детектира во коските, џигерот, белите дробови или мозокот.
fazi

0 или 1 фаза од рак и дојка– во оваа фаза најчесто се означува и самата големина на туморозните клетки кои се создаваат во млечните канали. Најчетиот вид на рак во оваа фаза е   ductal carcinoma in situ (DCIS).
Во фазата 0, канцерот се нарекува“carcinoma in situ” – што значи канцерот е во оригиналното место. Тука се јавуваат три типа на ткиво :

  • DCIS – Ductal carcinoma in situ – DCIS – Ductal carcinoma in situ е рана форма на рак која лесно се лекува и менаџира, но доколку не се третира може да прерасне во посериозна форма (фаза).
  • LCIS – Lobular carcinoma in situ  во фаза 0 може да не биде и рак, затоа дополнително може да се испита абнормалното ткиво со правење на мамограми и земање на препишани лекови.Оваа фаза укажува дека жената кај која се појавил овој проблем можно е да добие рак на дојка во поголем  процент за разлика од останатите жени кај кои не е детектиран.
  • Болест на ткивото на брадавицата (или промена на бојата е индикатор за појава на абнормални клети)

situ

Фаза 1 е етапа каде веќе се развиле абнормалните клетки, меѓутоа болеста се фокусира само на местата каде е детектиран. Во фаза 1 постојат два типа на канцер: Тип 1А и Тип 2А.
Тип 1А значи дека туморот е помал отколку една кикиритка (2 цм или пома) и дека истиот не се раширил низ лимфните јазли.
Тип 2А означува тип на канцер кој укажува проширувањсе низ лимфните јазли со докази за мали поделени ќелии со големина до зрно од ориз  (.2mm до 2.0 mm).

Во оваа фаза исто така може да се случи и абнормалните клетки да не значат појава на тумори или пак дека е туморот помал од една кикирика (2 cm или помал).
Слична на фаза 0, во ФАЗА1 канцерот е лесно излечлив. Доколку се дофати во оваа фаза, лесно е е да се локализира и шансите за преживување на пациентот во рок од 5 години се  98% веројатни.
Во фаза 1 потребно е операција и радијација или комбинација од двете, не и хемотерапија.

faza 2

Во ФАЗА 2 канцерот се наоѓа во инвазивна фаза. Оваа фаза се нарекува со две имиња ФАЗА 2А и ФАЗА 2Б разликата помеѓу овие две фази е во големината на туморозните клетки и ниното проширување во лимфните јазли.

Фаза 2А- во оваа фаза можат да се појават абормални ткива со посериозна форма, може да се појави ткиво кое не е поврзано со тумор и се карактеризира со канцерозни клетки кои не се прошириле низ повеќе од 4 лимфни јазли, во оваа фаза исто така туморот може да биде помал од 2 cm  и не се проширил низ повеќе од 4 лимфни јазли или пак друг тип на овој канцер е тумор со големина од 2-5 cm кој не се проширил низ лимфните јазли.

Фаза 2Б-  во оваа фаза туморот е со големина од 2-5 cm и се проширил во неповеќе од 4 лимфни јазли или пак туморот е поголем од 5 cm но не се проширил низ јазлите.

faza 3

Фаза 3 значи дека канцерот се проширил  на поширок регион и инвадирал локални лимфни јазли и мускулно ткиво, но не се проширил на подалечни органи во телото. Иако оваа фаза е напредна фаза на рак, сепак постојат ефективни опции за третмани и лекување. Оваа фаза е поделена на 3 групи: ФАЗА 3А, ФАЗА 3Б, ФАЗА 3Ц. Разликата се состои во големината на туморот и степенот на негово ширење.

– Фаза 3А се опишува како фаза која може да ги опфати следните три описи: не постои тумор кој не се асоцира со канцерозните клетки, лимфните јазли се офатени (4-9), во оваа фаза исто така туморот може да биде со големина на мал лимон (5cm), постојат канцерозни клетки во групи во јазлите (.2mm – 2.0mm.) или пак трет опис за оваа форма е тумор не поголем од мал лимон и канцерозни клетки раширени низ 1,2,3 лимфни јазли под раката во близина на градната коска.

Фаза 3Б се опишува како фаза во која зидот на градите  или кожата на градите има изглед на отекување, инфалмација или чиреви (инфламаторен рак на гради), а канцеро во исто време може да нападне повеќе од 9 лимфни јазли во близината на туморот.

– Фаза 3Ц – во оваа фаза не постои тумор, кожата има знаци од потекување, инфламација и чиреви, а канцеро нападнал повеќе од 10 лимфни јазли под рамото, исто во овој случај постои опција и да постои тумор и канцерозни клетки.

Фазата 3 може да биде операбилна и неоперабилна. Иноперабилна не значи дека истиот не може да се лекува , туку е термин кој се користи за да се означи дека е потребно повеќе од една процедура за да се лекува, исто така потребни се повеќе методи за намалување на ракот пред да се оперира истиот. Во оваа фаза се применуваат мерки како мазектомија (отстранување на ткивото/градит(е)(а)), локален третман или хормонална терапија или хемотерапија за систематски третман. Во секоја форма од оваа фаза добро е комбинација на повеќе третмани (повеќе од 2).

faza 4Ракот во  ФАЗА 4 се раширил на други места како мозок, коски, бели дробови и џигер. Иако оваа фаза се опишува како неизлечлива, многу жени се справуваат со оваа болест со незин третман како хронична болест. Со одлична нега и мотивација може да се продолжи животот за неколку години. Во оваа фаза најдобро е да се опкуржат жените со своето најблиско семејство, да се мотивираат и да изградат системска поддршка од најблиските.

Тестирајте се, самопрегеледувајте се за знаци на болеста како промена на бојата на дојките, промена на текстурата на кожата (како кора од портокал), појава на задебелено ткиво, појава на грутчиња на јазлите под пазувата додека се туширата и одете на рутински мамограм!

Раното дијагностигирање може да ви даде шанса за живот!

Проверете и

Храна која ќе ви помогне подобро да спиете

Храната е лек доколку се консумира умерено и во вистинско време се консумираат соодветни намирници. ...