Почетна / Здравје и исхрана / Се што треба да знаете за хранливоста на ананасот

Се што треба да знаете за хранливоста на ананасот

Свежиот ананас е драгоцен, многу е здрав и има малку калории.

Ананасот е тропска билка отпорна на суша и содржи природни состојки кои се потребни за здравјеto на организмот. Дрвото на ананасот расти помеѓу 1,5 и 2,5 метри во висина и дава плодови чија внатрешност е сочна, а надворешноста е прекриена со лушпи и изгледаат дека е тешко да се отвори. Некои од значајните здравствени користи на ананасот произлегуваат од присуството на ензимот кој се вика бромелаин.

Ананасот е богат со минерали, витамини и со некои малку познати микронутриенти. Најновите студии покажуваат дека ананасот содржи и антиканцерогени материи.

Одличен е за лекувањето на воспалениjа, стомачни тегоби, затоа што содржи бромелаин, ензим кој помага при варењето, ја намалува надуеноста. Бромелаинот е пронајден само во свежиот ананас а знаеме дека се користи во облик на додатоци како би се намалилe воспаленијата по операциите, како и за лекувањето на проблемот со носот и синусите. Исто така ја олеснува болката кај остеоартритисот.

Ананасот е одличен и против таложењето на масните наслаги, ги штити клетките од деструктивните атоми познати како слободни радикали, што значи дека помага во обновувањето на оштетените клетки. Ово тропско овошје може да го спречи создавањето на крвните згрутчувања. Стручњаците истакнуваат дека е добар за коските, затоа што има манган. Содржи и бета каротин кој го чува видот.

Шолја ананас има само 80 калории.

Кога го купувате плодот може да биде зрел дури и ако кората е зелена. Затоа чукнете го со прстите и ако звукот е шуплив тоа значи дека меснатиот дел не е вкусен. Ананасот кој има звук како да е полн со вода тогаш е сочен и благ.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...